Промовирани огласи »

Американскиот економист Нуријел Рубини кој ја најави светската економска криза во 2008 година, сега најавува нова рецесија. 

Вели дека има 10 потенцијални ризици кои ќе тргнат од Америка и ќе доведат до нова светска економска криза. 

На ова тој предупредува уште од лани, а сега има девет ризици. 

Тврди дека идната година ќе имаме глобална рецесија. 

Меѓу ризиците ги спомнува американската трговска војна со Кина, ограничувањето на миграцијата, странски директни вложувања, трансфер на технологијата и слично.

Промовирани огласи »

Фондот за мир, невладина организација од САД, редовно рангира 174 земји за тоа колку земјата е стабилна. 

Во 10 најнестабилни држави во светот спаѓаат:

1. Јемен
2. Сомалија
3. Демократска република Конго
4. Централна Африка
5. Чад
6. Јужен Судан
7. Авганистан
8. Зимбабве
9. Гвинеја
10. Хаити

Податоците како што се економските показатели, безбедноста, моќта на фракциите и други показатели се анализираат и споредуваат на годишно ниво. Секоја земја, врз основа на нејзините податоци, добива индексна оценка и се рангира од 1 до 174. Колку е индексот поголем, толку земјата е понестабилна. 

Но, најстабилни се Финска, Норшевка, Швајцарија, Данска, Австралија и други.

фото Википедија

Промовирани огласи »

Приближно ист број на дами и мажи полагаат годишно за возачка дозвола. Минатата 2018 година според податоците од Министерството за внатрешни работи вкупно 11.520 мажи се стекнале со возачка довола Б категорија и 9.421 дами.

Според Министерството понежниот пол повеќе се интересира за добивање возачка дозвола после 28 година, додека машките лица во земјава за прв пат полагаат за возачка дозвола до својата 27 година.

Лани 1.993 жени од 28 до 37 години лани се стекнале со дозвола за возење автомобил, наспроти 1.349 мажи од иста возраст.

Бројот на мажи кои минатата година добиле возачка довола за возење автомобил до својата 27 година изнесува скоро десет илјади, односно 9.636 лица, наспроти дамите кои до својата 27 година добиле 6.909  возачки дозволи.

Возат во странство или дома: Се повеќе жени полагаат за Ц категорија

Интересен е и фактот, дека дваесет дами во 2018 година добиле возачки дозволи Ц категорија, односно дозвола за возење на камиони. А 1.641 маж лани добиле дозвола за возење камиони.

Иако според податоците со скоро ист број на возачки дозволи за автомобили се стекнуваат на годипно ниво и мажите и жените сепак, во пракса сме сведоци дека силниот пол е поприсутен зад воланот низ патиштата во земјата.

Министерството за внатрешни работи минатата година евидентирало вкупно 3.740 сообраќајни незгоди со потешки последици. Од нив во 501 сообраќајна незгода учествувале возачи без да се стекнат со право на управување со возило, додека 394 незгоди ги предизвикале возачи без да се стекнат со право да управуваат моторно возило.

Во првиот квартал од тековната година според МВР се евидентирани 560 сообраќајни незгоди со посериозни последици.

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Меѓународен Балкански универзитет и Халкбанк АД Скопје со цел да помогнат во едуцирање на младите создадоа заеднички производ – Студентски кредит со 0% камата и со промотивна школарина од 1000 евра. Целта на оваа кампања насловена „Инвестирај во знаењето" е на студентите и нивните семејства да им се понуди уникатна можност да можат да одберат квалитетно и меѓународно образование, а со домашни услови на финансирање.

Во оваа кампања, Меѓународен Балкански универзитет ќе ја покрие каматата за студентскиот кредит, а студентот, односно родителите ќе ја плаќаат школарината кон универзитетот на 12 еднакви месечни рати без камата.

"Квалитетното образование е од исклучително значење за општеството во целина поради што создадовме производ кој може да го олесни студирањето на младите. На сите оние на кои ќе им биде одобрен студентскиот кредит, како дел од кампањата, МБУ и Халкбанк овозможуваат и добивање дебитна картичка која дава можност за подигнување готовина од сите банкомати од сите банки во земјата и странство, како и бесплатно електронско банкарство и бесплатна
мобилна апликација за истото, а истовремено бесплатно ќе биде и водењето на
трансакциската сметка, со што сметаме дека ќе го олесниме школувањето на идните студенти а воедно и идни двигатели на дигитализацијата", вели Атила Селим, директор на Дирекцијата за алтернативни канали за дистрибуција и платежни картички во Халкбанк.

За новиот кредит заинтересираните можат да аплицираат во било која филијала на банката во земјава.

"Успесите на Халкбанк во делот на работењето со физички лица се должи на тоа што секогаш навремено ги согледува и одговара на потребите на граѓаните со соодветни финансиски решенија. Со нашиот нов производ, субвенциониран кредит за студирање во соработка со МБУ, родителите или членови на семејството на студентот ќе можат да аплицираат за кредит за студирање со тоа што школарината би ја отплатиле на 12 еднакви месечни рати со можност за добивање грејс период за отплатата од 3 месеци. Каматата за целиот период би била субвенционирана од страна на универзитетот, а клиентите би имале обврска за редовно сервисирање само на главницата во договорениот период на отплата. Во една едноставна процедура за овој вид кредит нема да се наплаќа надоместок за апликација и одобрување, а за производот не се предвидени ниту трошоци за предвремена отплата согласно регулативата.

Процедурата е премногу едноставна, се разликува од било кој останат производ, а резултира со овозможување на иден студент да има квалитетна иднина", изјави Марко Поповски, директор на Дирекција за маркетинг на население.

Меѓународниот Балкански универзитет е најдобриот универзитет во Северна Македонија во областа на наставата и учењето според Шангајската ранг листа на универзитети, со најнов универзитетски кампус и со најмодерните стандарди на образование, каде наставата се одвива целосно на англиски јазик.

"Меѓународниот Балкански универзитет создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот. Доказ за тоа е што МБУ има над 90% на професионално ангажирани дипломци во првите 6 месеци по дипломирање, што е највисок процент во целиот регион. Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди овој универзитет се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 150 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа Еразмус+ и турската програма за студентска мобилност Мевлана.

Создавањето интернационален кадар кој, според досегашното искуство, успешно се соочува со предизвиците на глобалните компании, е резултат и на силната и блиска соработка што Универзитетот ја има со компании од земјава и странство каде секојдневно се нуди квалификуваниот кадар произлезен од МБУ, подготвен да се соочи со секој работен предизвик. Горди сме што во нашето портфолио воведуваме ваков производ и пракса на општествено одговорна институција, пред се поради иднината на нашите студенти. Затоа, МБУ ќе ги
подмири каматите од студентскиот кредит, а семејствата на идните студенти ќе имаат можност безгрижно да го едуцираат своето дете во меѓународна средина", вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.

МБУ е составен од 7 факултети кои нудат 18 програми за додипломски и 10 програми за постдипломски студии. Универзитетот ја гради својата успешна приказна во нашата земја веќе 13 години и досега од него излегле 9 генерации од додипломски и 5 генерации од мастер студиите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »