Град Скопје распиша два јавни повици за субвенции за електрични тротинети во 2019 година, како и за купување велосипеди за оваа година.
Електричните тротинети треба да бидат од 1 јануари годинава до 30 ноември, а ќе се исплаќа 30 отсто од сметката, но не повеќе од 7.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Барателот до Град Скопје треба да достави барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје и оригинал фискална сметка
Градот Скопје минатата година за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден електричен тротинет.
Субвенциите за нови велосипеди важат доколку е купен од 27 мај и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30 ноември. Ќе се исплаќаат 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Барателот треба да поднесе барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), копија на важечка лична карта, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје и оригинал фискална сметка.