Промовирани огласи »

Со други зборови, да не платевте за Macintosh 2,495 долари во 1984 година, туку тие пари да ги вложевте во акциите на компанијата, тие би вределе 715,943 долари.

Податоците покажуваат и дека вложените 499 долари во акции, наместо во iPhone во 2007 година, денес ќе вредеа речиси 3.700 долари.

Секој кој купил iPad за 499 долари во 2010 година, денес во акции би имал 1.882 долари.

Сепак, калкулаторот нуди и некои не така исплатливи купувања.

Во 2006 година да не го купивте BlackBerry Peal 8100 за 199 долари, веќе тие пари вложени во акциите на оваа компанија, денес би чинеле 53 долари.

Слична загуба ќе забележевте и ако парите за купување на Nokia 3310 ги вложевте во акциите на оваа компанија, бидејќи тие денес ќе вредеа 36 долари.

Промовирани огласи »

Историјата е најголем учител на претприемачите и ни помага да учиме од успешните луѓе. Кога читаме за нив можеме да видиме дека ништо не е невозможно. Пример за тоа е Џон Рокфелер. Ова е човек кој бил првиот американски милијардер и човек од кој може многу да се научи.

На 15 години, Рокфелер поминал шест недели барајќи ја својата прва работа како помошник книговодител. Секое утро тој облакал костум и станувал рано се додека не пронашол работа. Уште како млад тинејџер тој сакал да биде богат. Многу е важно да целите кон тоа што го сакакте, без ралзика дали е тоа куќата од соништата, автомбилот или пак работата.


Рокфелер се држел до својот изглед, имал своја рутина и познат е по својата филозофија за точноста. Големо внимание придавал на деталите и внимавал на своите пари како и на секојдневните навики. Многу е важно да го негуваме тоа што го имаме, дури и кога имаме малку, треба да бидеме благодарни на тоа.


Споре Рокфелер, оној човек кој има идеја да се збогати, мора да има многу поголема амбиција ако сака да го постигне тоа. Мора да знаете што е тоа што ве движи и која е вашата крајна цел.

Промовирани огласи »


Авиокомпанијата „Виз ер“ реши да ги надгради линиите од Скопје и од Охрид до три европски дестинации, од сезонски во целогодишни. Така, од Скопје до Барселона и до Векше во Шведска, како и од Охрид до Лондон (Лутон), ќе лета и претстојната зима, два пати неделно.

Од „Виз ер“ информираат дека во зимската сезона 2019/2020, која почнува на 27 октомври, од сезонски ги надградува во целогодишни и линиите од Белград до Ларнака на Кипар (секој вторник и петок). Од октомври, пак, ќе биде обновена
линијата од Тузла во Босна и Херцеговина до Билунд во Шведска, каде што ќе се лета секој понеделник и петок.

Промовирани огласи »

Од јули треба да се намалат цените на услугите во роаминг меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ.

Намалувањето во јули се очекува да биде за 27 проценти, а од јули 2021 година да биде целосно укинат.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април годинава во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.

Регулаторите и  телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

Според податоците на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе. Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата. Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година, Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако стапи на сила третото намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Кон регионалната иницијатива се приклучија и Албанија и Косово.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »