Промовирани огласи »


Авиокомпанијата „Виз ер“ реши да ги надгради линиите од Скопје и од Охрид до три европски дестинации, од сезонски во целогодишни. Така, од Скопје до Барселона и до Векше во Шведска, како и од Охрид до Лондон (Лутон), ќе лета и претстојната зима, два пати неделно.

Од „Виз ер“ информираат дека во зимската сезона 2019/2020, која почнува на 27 октомври, од сезонски ги надградува во целогодишни и линиите од Белград до Ларнака на Кипар (секој вторник и петок). Од октомври, пак, ќе биде обновена
линијата од Тузла во Босна и Херцеговина до Билунд во Шведска, каде што ќе се лета секој понеделник и петок.

Промовирани огласи »

Од јули треба да се намалат цените на услугите во роаминг меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ.

Намалувањето во јули се очекува да биде за 27 проценти, а од јули 2021 година да биде целосно укинат.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април годинава во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.

Регулаторите и  телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

Според податоците на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе. Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата. Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година, Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако стапи на сила третото намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Кон регионалната иницијатива се приклучија и Албанија и Косово.

Промовирани огласи »

По сообраќајната несреќа кај Скопската обиколница  , во која животот го загуби 37 годишен полицаец , МВР ќе го менува начинот на контрола на движењето на патиштата. Формирана е работна група која ќе направи измени на законите , со што ќе се овозможи воведување видео надзор на патиштата низ државата, каде често возачите ја надминуваат дозволената брзина. Со тоа работата на сообраќајната полиција ќе се олесни и модернизира.

“Формирана е работна група која работи на подготвување на измени на законите, со кои што ќе се овозможи поставување на камери и на автопатиштата и на клучните раскрсници, каде што тие ќе ги заменат сообраќајците, односно полициските службеници . И на тој начин ќе се олесни работата, ќе се заштедат сили и ќе се модернизира работата на Полицијата” –изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Независниот синдикат на полицијата, мотивиран од сообраќајната несреќа на Скопската обиколница, вчера побара од МВР одржување панел дискусија за воведување камери на патиштата по примерот на европските земји и донесување нов Закон за безбедност во патниот сообраќај.

Несреќата на Скопската обиколница се случи во петокот попладне , кога возило БМВ, со гостиварски регистарски таблички, беше запрено од  сообраќајната полиција поради движење со прекумерна брзина. При тоа во БМВ-то се удрил камион кој се движел зад него. Од ударот волизото експлодира и во него изгоре совозачот во БМВ-то, а беше повреден и возачот на камионот.

Како што информираат од Ургентниот центар, каде настраданите беа пренесени, и покрај операцијата, тешко повредениот полицаец, по 45 минути им подлегнал на повредите, а другиот, по опсервацијата е пуштен на домашно лекување зашто се здобил само со гребнатини.

Возачот на БМВ-то е во стабилна состојба, се наоѓа во Единицата за интензивно лекување на Карил и се планира да биде префрлен на одделение.

Дневно 200 до 400 казни добиваат несовесните возачи и според статистиката, како резултат на засилените контроли на патиштата, лани и полани,  бројот на сообраќајни несреќи и на жртви е намален, дополнуваат од МВР.

Промовирани огласи »

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска имаме нови цени на горивата - еден литар од дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и еуросупер БС-98 чинат за половина денар повеќе.

Еуросупер БС-95 ќе се точи по стара цена, 67 денари за еден литар. Еуросупер БС-98 чини 69,50 денари, еуродизел 60,50 денари, а цената за екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »