Промовирани огласи »

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска имаме нови цени на горивата - еден литар од дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и еуросупер БС-98 чинат за половина денар повеќе.

Еуросупер БС-95 ќе се точи по стара цена, 67 денари за еден литар. Еуросупер БС-98 чини 69,50 денари, еуродизел 60,50 денари, а цената за екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Промовирани огласи »

Биткоинот, Етереумот, XRP и Литекоинот изненадно скокнаа изминатиов викенд , при што Биткоинот ја надмина психолошката граница од 10 000 долари.

Тој со тоа дојде до максимумот од 11 200 долари на Битстамп менувачницата со седиште во Луксембург, додека другите криптовалути остварија двоцифрени добивки, додека наглиот раст предизвикал многумина да се сетат на славните времиња на Биткоинот и големиот скок на криптовалутите кон крајот на 2017година.

Тогаш, имено, вредноста на Биткоинот пораснала од 10 000 долари на скоро 20 000 долари за помалку од 20 дена.

Да потсетиме, некаде од почетокот на пролетта најпопуларната дигитална валута на светот е во константен благ раст на вредноста, во текот на мај нејзината вредност надмина 8000 долари а растот продолжи и во јуни.

Промовирани огласи »

Македонија е меѓу петте земји во светот со најголем напредок во Глобалниот индекс за мир за 2019 (Global Peace Index 2019) и со убедливо најголем скок во регионот.  Подобрувањето на земјата за една година е дури за 23 места и сега е на 65-та позиција глобално со индекс од 1.933 поени. 

Најмирна земја во регионот е Словенија, која се пресели два места понапред и сега е осма, додека најголемото намалување е забележано кај Црна Гора за осум позиции и пад на 67 место. Хрватска е 28-ма, додека Србија е 50-та. Сите земји влекуваат во високиот степен на стабилност, додека средно стабилни се само БИХ и Косово на 81 и 86 место, иако двете земји постигнаа напредок во изминатата година.

За прв пат по пет години, состојбата на мирот во светот е подобрена, според извештајот на Институтот за мир и Глобален индекс на мирот 2019. Просечниот напредок забележан од страна на земјите од минатогодишниот извештај е за 0.09 проценти.

Во последните десет години, состојбата на мирот во светот се влоши за 3,78 отсто. Ситуацијата во последните 25 земји на листата се влоши со просек од 11 отсто, додека 25-те намирни земји напредуваа во просек за 1,8 отсто.

Глобалното влијание на насилството врз економијата е за првпат по 2012 година пониско за 3,3 отсто.

Блискиот исток и регионот на Северна Африка останаа најнестабилни, додека Европа остана најмирен регион во светот.

Исланд и Нов Зеланд се сеуште најпацифистички земји во светот, додека на дното на ранкингот Сирија го замени Авганистан.

Промовирани огласи »

Се исплати ли навистина да се запишеш на овој факултет? Еве што кажува Мирна за професијата за која голем број матуранти се заинтересирани.

Во Хрватска оваа година студиите по логопедија се најпопуларни поради ветувањето кое следува по завршувањето на студиите - без проблем се наоѓа добраработа, а и платата е голем плус. А што очекуваат они кои ќе го запишаат по завршувањето на студиите? Одговорот на ова прашање го има една студентка која го заршила пред неколку години.

Не сум сигурна дека знаат што ги очекува, тоа нешто што се менува од година во година - Мирна Бараќ ја започна својата приказна за vijesti.rtl.hr.

Вели дека не познава ниту еден логопед во Загреб кој нема работа и дека тој факт сигурно привлекува многу матуранти да заронат во оваа професија.

Одговорноста е голема. Сепак станува збор за деца, нивното школување, обравозание... - вели Мирна.

Хрватскиот завод за вработување вели дека моментално Хрватска бара 7 логопеди, најголемиот број за во градинките. Сигурно вработување и просечна нето плата од 6500 куни, па не и чудно што толку многу млади луѓе сакаат да станат логопеди.

Од 1000 бруцоши од цела Хрватска, 485 студираат логопедијата ја ставиле на првото место како избор, но само 50 најдобри ќе завршат на оваа насока. 

Логопедијата ја бие глас дека е најтешка за студирање, но улењето не престанува со излегувањето од факултетот.

Мислам дека сите ние кои студиравме се стекнавме со добри темели за понатамошната работа, но факултетот сам по себе не е доволен за да бидете успешни и добри во она што го работите, важно е да продолжите со едукацијата и да ги следите трендовите - објаснува Мирна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »