Промовирани огласи »

Македонија е меѓу петте земји во светот со најголем напредок во Глобалниот индекс за мир за 2019 (Global Peace Index 2019) и со убедливо најголем скок во регионот.  Подобрувањето на земјата за една година е дури за 23 места и сега е на 65-та позиција глобално со индекс од 1.933 поени. 

Најмирна земја во регионот е Словенија, која се пресели два места понапред и сега е осма, додека најголемото намалување е забележано кај Црна Гора за осум позиции и пад на 67 место. Хрватска е 28-ма, додека Србија е 50-та. Сите земји влекуваат во високиот степен на стабилност, додека средно стабилни се само БИХ и Косово на 81 и 86 место, иако двете земји постигнаа напредок во изминатата година.

За прв пат по пет години, состојбата на мирот во светот е подобрена, според извештајот на Институтот за мир и Глобален индекс на мирот 2019. Просечниот напредок забележан од страна на земјите од минатогодишниот извештај е за 0.09 проценти.

Во последните десет години, состојбата на мирот во светот се влоши за 3,78 отсто. Ситуацијата во последните 25 земји на листата се влоши со просек од 11 отсто, додека 25-те намирни земји напредуваа во просек за 1,8 отсто.

Глобалното влијание на насилството врз економијата е за првпат по 2012 година пониско за 3,3 отсто.

Блискиот исток и регионот на Северна Африка останаа најнестабилни, додека Европа остана најмирен регион во светот.

Исланд и Нов Зеланд се сеуште најпацифистички земји во светот, додека на дното на ранкингот Сирија го замени Авганистан.

Промовирани огласи »

Се исплати ли навистина да се запишеш на овој факултет? Еве што кажува Мирна за професијата за која голем број матуранти се заинтересирани.

Во Хрватска оваа година студиите по логопедија се најпопуларни поради ветувањето кое следува по завршувањето на студиите - без проблем се наоѓа добраработа, а и платата е голем плус. А што очекуваат они кои ќе го запишаат по завршувањето на студиите? Одговорот на ова прашање го има една студентка која го заршила пред неколку години.

Не сум сигурна дека знаат што ги очекува, тоа нешто што се менува од година во година - Мирна Бараќ ја започна својата приказна за vijesti.rtl.hr.

Вели дека не познава ниту еден логопед во Загреб кој нема работа и дека тој факт сигурно привлекува многу матуранти да заронат во оваа професија.

Одговорноста е голема. Сепак станува збор за деца, нивното школување, обравозание... - вели Мирна.

Хрватскиот завод за вработување вели дека моментално Хрватска бара 7 логопеди, најголемиот број за во градинките. Сигурно вработување и просечна нето плата од 6500 куни, па не и чудно што толку многу млади луѓе сакаат да станат логопеди.

Од 1000 бруцоши од цела Хрватска, 485 студираат логопедијата ја ставиле на првото место како избор, но само 50 најдобри ќе завршат на оваа насока. 

Логопедијата ја бие глас дека е најтешка за студирање, но улењето не престанува со излегувањето од факултетот.

Мислам дека сите ние кои студиравме се стекнавме со добри темели за понатамошната работа, но факултетот сам по себе не е доволен за да бидете успешни и добри во она што го работите, важно е да продолжите со едукацијата и да ги следите трендовите - објаснува Мирна.

Промовирани огласи »

LUSH - City Mall бара АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА. Плата: 18.000 денари + бонуси: https://kariera.mk/job/U-AaL5CYPUuBbMp2dv7WeA/asistent-za-prodazhba

Компанијата "Mulliri" со отворени работни места за ШАНКЕР/КИ, КАСИЕР/КИ и ПОМОШНИК/ЧКИ: https://kariera.mk/job/VWgdxvDerE-PN825lUBEng/rabotnichki-za-vo-coffee-shop

Жито Лукс АД Скопје, компанија која што е лидер во мелничко-пекарската индустрија вработува ПАКУВАЧИ НА ЛЕНТА: https://kariera.mk/job/LCIaK3u6CE6owQi1OCc17g/pakuvachi-na-lenta

Мотиви за потребите на свој клиент, реномирана компанија, вработува вкупно 4 извршители во ОДДЕЛ ПРОИЗВОДСТВО ХЕМИЈА: https://kariera.mk/job/h8rEi2jvfUW5v1QW4tXUEg/rabotnici-vo-proizvodstvo-hemija

ВАН ХООЛ, белгиски реномиран производител на автобуси, има потреба од ФАСАДЕРИ и ГИПСЕРИ. За кандидатите ќе биде спроведена обука за работа во оддел фарбара: https://kariera.mk/job/W1N6silu2EurMutSl6q7iw/fasaderi-gipseri 

Промовирани огласи »

Најбогатиот Французин и генерален директор на LVMHa, Бернар Арно се придружи на листата најбогат светски тројца чие богатство преминува 100 милијарди долари.

Така покрај Џеф Безос и Бил Гејтс, овој 80 годишен претприемач се сместил на третата позиција на индексот на богатства на Блумберг и со своите 100,4 милијарди долари на листата го „лизна“ Ворен Бафет.

За споредба , богатството на Арно од 100,4 милијарди долари изнесува дури три отсто од француската економија.

За својот голем скок на листата најбогати тој може да му се заблагодари на растот на цената на акциите на LVMH од дури 43 отсто. Само оваа година неговото богатство пораснало за скоро 32 милијарди долари.

Инаку, Арно контролира скоро половина од познатиот француски моден ланец во чија групација, освен Луис Витон се наоѓаат уште 70 светски познати брендови. Само некои од нив се Belvedere, Dom Pérignon, Hennessy, Moët & Chandon, Sephora, Céline, Dior, Fendi, Kenzo, Marc Jacobs, Bulgari…

Сопственик е и на францускиот весник Ле Паризиен а во негова сопственост е и L’Echo кои со задоволство пишуваа за протестите на Жолтите елеци. Постојат процени дека Арно ги организирал Жолтите елеци за да го урне Макрон, кој , како многумина тврдат токму тој и го донел на власт и го ослабел Ротшилд. Тој е и еден од првите инвеститори во Нетфликс.

FOTO: EPA, IAN LANGSDON

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »