Македонија е меѓу петте земји во светот со најголем напредок во Глобалниот индекс за мир за 2019 (Global Peace Index 2019) и со убедливо најголем скок во регионот. Подобрувањето на земјата за една година е дури за 23 места и сега е на 65-та позиција глобално со индекс од 1.933 поени.
Најмирна земја во регионот е Словенија, која се пресели два места понапред и сега е осма, додека најголемото намалување е забележано кај Црна Гора за осум позиции и пад на 67 место. Хрватска е 28-ма, додека Србија е 50-та. Сите земји влекуваат во високиот степен на стабилност, додека средно стабилни се само БИХ и Косово на 81 и 86 место, иако двете земји постигнаа напредок во изминатата година.
За прв пат по пет години, состојбата на мирот во светот е подобрена, според извештајот на Институтот за мир и Глобален индекс на мирот 2019. Просечниот напредок забележан од страна на земјите од минатогодишниот извештај е за 0.09 проценти.
Во последните десет години, состојбата на мирот во светот се влоши за 3,78 отсто. Ситуацијата во последните 25 земји на листата се влоши со просек од 11 отсто, додека 25-те намирни земји напредуваа во просек за 1,8 отсто.
Глобалното влијание на насилството врз економијата е за првпат по 2012 година пониско за 3,3 отсто.
Блискиот исток и регионот на Северна Африка останаа најнестабилни, додека Европа остана најмирен регион во светот.
Исланд и Нов Зеланд се сеуште најпацифистички земји во светот, додека на дното на ранкингот Сирија го замени Авганистан.