Промовирани огласи »

По сообраќајната несреќа кај Скопската обиколница  , во која животот го загуби 37 годишен полицаец , МВР ќе го менува начинот на контрола на движењето на патиштата. Формирана е работна група која ќе направи измени на законите , со што ќе се овозможи воведување видео надзор на патиштата низ државата, каде често возачите ја надминуваат дозволената брзина. Со тоа работата на сообраќајната полиција ќе се олесни и модернизира.

“Формирана е работна група која работи на подготвување на измени на законите, со кои што ќе се овозможи поставување на камери и на автопатиштата и на клучните раскрсници, каде што тие ќе ги заменат сообраќајците, односно полициските службеници . И на тој начин ќе се олесни работата, ќе се заштедат сили и ќе се модернизира работата на Полицијата” –изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Независниот синдикат на полицијата, мотивиран од сообраќајната несреќа на Скопската обиколница, вчера побара од МВР одржување панел дискусија за воведување камери на патиштата по примерот на европските земји и донесување нов Закон за безбедност во патниот сообраќај.

Несреќата на Скопската обиколница се случи во петокот попладне , кога возило БМВ, со гостиварски регистарски таблички, беше запрено од  сообраќајната полиција поради движење со прекумерна брзина. При тоа во БМВ-то се удрил камион кој се движел зад него. Од ударот волизото експлодира и во него изгоре совозачот во БМВ-то, а беше повреден и возачот на камионот.

Како што информираат од Ургентниот центар, каде настраданите беа пренесени, и покрај операцијата, тешко повредениот полицаец, по 45 минути им подлегнал на повредите, а другиот, по опсервацијата е пуштен на домашно лекување зашто се здобил само со гребнатини.

Возачот на БМВ-то е во стабилна состојба, се наоѓа во Единицата за интензивно лекување на Карил и се планира да биде префрлен на одделение.

Дневно 200 до 400 казни добиваат несовесните возачи и според статистиката, како резултат на засилените контроли на патиштата, лани и полани,  бројот на сообраќајни несреќи и на жртви е намален, дополнуваат од МВР.

Промовирани огласи »

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска имаме нови цени на горивата - еден литар од дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и еуросупер БС-98 чинат за половина денар повеќе.

Еуросупер БС-95 ќе се точи по стара цена, 67 денари за еден литар. Еуросупер БС-98 чини 69,50 денари, еуродизел 60,50 денари, а цената за екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Промовирани огласи »

Биткоинот, Етереумот, XRP и Литекоинот изненадно скокнаа изминатиов викенд , при што Биткоинот ја надмина психолошката граница од 10 000 долари.

Тој со тоа дојде до максимумот од 11 200 долари на Битстамп менувачницата со седиште во Луксембург, додека другите криптовалути остварија двоцифрени добивки, додека наглиот раст предизвикал многумина да се сетат на славните времиња на Биткоинот и големиот скок на криптовалутите кон крајот на 2017година.

Тогаш, имено, вредноста на Биткоинот пораснала од 10 000 долари на скоро 20 000 долари за помалку од 20 дена.

Да потсетиме, некаде од почетокот на пролетта најпопуларната дигитална валута на светот е во константен благ раст на вредноста, во текот на мај нејзината вредност надмина 8000 долари а растот продолжи и во јуни.

Промовирани огласи »

Македонија е меѓу петте земји во светот со најголем напредок во Глобалниот индекс за мир за 2019 (Global Peace Index 2019) и со убедливо најголем скок во регионот.  Подобрувањето на земјата за една година е дури за 23 места и сега е на 65-та позиција глобално со индекс од 1.933 поени. 

Најмирна земја во регионот е Словенија, која се пресели два места понапред и сега е осма, додека најголемото намалување е забележано кај Црна Гора за осум позиции и пад на 67 место. Хрватска е 28-ма, додека Србија е 50-та. Сите земји влекуваат во високиот степен на стабилност, додека средно стабилни се само БИХ и Косово на 81 и 86 место, иако двете земји постигнаа напредок во изминатата година.

За прв пат по пет години, состојбата на мирот во светот е подобрена, според извештајот на Институтот за мир и Глобален индекс на мирот 2019. Просечниот напредок забележан од страна на земјите од минатогодишниот извештај е за 0.09 проценти.

Во последните десет години, состојбата на мирот во светот се влоши за 3,78 отсто. Ситуацијата во последните 25 земји на листата се влоши со просек од 11 отсто, додека 25-те намирни земји напредуваа во просек за 1,8 отсто.

Глобалното влијание на насилството врз економијата е за првпат по 2012 година пониско за 3,3 отсто.

Блискиот исток и регионот на Северна Африка останаа најнестабилни, додека Европа остана најмирен регион во светот.

Исланд и Нов Зеланд се сеуште најпацифистички земји во светот, додека на дното на ранкингот Сирија го замени Авганистан.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »