Промовирани огласи »

Иако првично најавите беа дека електронската наплата ќе почне од мај, со задоцнување веројатно најмодерниот контролен центар за безбедност и контрола на патиштата во регионот кој го добива Македонија ќе биде отворен денеска.

Според најавите од Влада Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатија за државни патишта, Зоран Китанов ќе присуствуваат на отворањето на Контролниот центар за патарини и патишта, кај наплатниот пункт Петровец.

Со пуштањето на Центарот ќе се олесни протокот на возилата на патарините и ќе се намали метежот, особено во летниот период“, кажа Сугарески при една прес конференција

Според директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, контролниот центар е граден според примерот на европскиот модел за контрола на сообраќајот. Инвестицијата изнесува 18,6 милиони евра и штом ќе завршат сите процедури во овој објект, ќе стартува електронската наплата.

„Преку Центарот ќе се контролираат сите патарини на коридорите 10 и 8, а со него ќе бидат поврзани и камерите што во иднина треба да бидат поставени покрај сите автопатишта и контролните пунктови во Неготино кај автопатот Демир Капија-Смоквица и тој што ќе се гради во Кичево за автопатот кон Охрид. Има и посебен кол-центар каде што ќе може да се пријават проблеми на патиштата. Од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи, навреме ќе може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира“, посочи еднаш  Китанов.

Исто така од Центарот ќе може да се контролира и мониторира целиот сообраќај во Македонија. Што било да се случи да не се создаваат колони од автомобили и да не се чека на пример за сообраќајка која го запрела патот, навреме да може да се пренасочи сообраќајот и да се интервенира и со амбулантни и противпожарни возила. Ова ќе биде окото на целата патна инфраструктура во Македонија.

На стартот на новиот електронски систем за наплата, со кој патарина ќе се плаќа со безконтактни смарт картички и со микробранови транспордери, одреден временски период ќе има можност и за плаќање во готово.

  

Промовирани огласи »

Некои корисници на Facebook, Instagram и WhatsApp не можат да испраќаат фотографии, видеа и датотеки, објави BBC

Портпаролот на Фејсбук, кој ги поседува сите три апликации, изјави за Би-Би-Си: „Ние работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо".

Заедно, социјалните мрежи имаат милијарди корисници ширум светот.

Во март, Facebook и Instagram претрпеа најдолг период на нарушување досега. Проблеми, ги погодија двете апликации, како и WhatsApp во април.

Апликацијата на Facebook Messenger, која често се инсталира одделно, исто така е засегната

Промовирани огласи »

Двата приватни задолжителни фондови „Сава осигурување“ и „КБ Прв отворен пензиски фонд“ во 2018 имале годишен приход од 963, односно 979 денари по член кој уплаќа придонеси во вториот и третиот столб како иден пензионер, објави Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Чистата добивка на „Сава осигурување“ по член, кога ќе се тргнат расходите, е 415 денари, додека на „КБ Прв“ е 542 денари годишно. Приходите по осигурено лице симболично се зголемени во однос на 2017 и кај двете друштва, а од друга страна намалени се и расходите. Кај двата фонда добивката по член бележи раст за 9 отсто на годишно ниво.

Вкупниот број членови заклучно со 31 декември 2018 година, изнесува 490.035, што значи зголемување на бројот на членовите на вториот столб за 32.769, или за околу 7 отсто, во споредба со 2017-тата година. Ова значи дека околу 85 отсто од вкупниот број осигуреници во Фондот на ПИОМ се членови на двостолбниот пензиски систем. Уплатените придонеси во задолжителниот столб во минатата година изнесуваат 7,1 милијарди денари, односно за 800 милиони денари повеќе во однос на претходно.

Надоместокот од придонеси секоја година се намалува, а во 2018 беше 2,5 отсто со важност и за двете друштва. Иститезаконски се намалуваат од година в година и во 2020 предвидено е да бидат само 2 отсто. Засега старосна пензија преку задолжителните фондови со програмирани повлекувања оствариле само 17 лица лани.

Во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување има вкупно 24.388 членови, што значи 588 членови повеќе за една година. Во овој столб со либерално инвестициско портфолио напатат на надоместоците од придонесите и од вкупните средства е поголема. Вкупните уплатени придонеси тука изнесуваат 5 милиони евра и бележат раст за половина милион.

Двата најголеми пензиски фондови односно задолжителните приватни фондови на „Сава“ и на „КБ Прв отворен пензиски фонд“ според официјалните податоци до крај на 2018 година имаат заедно вкупни нето-средства кои надминаа една милијарда евра. Поточно нивната вкупна вредност на 31 декември лани изнесуваше 1,044 милијарди евра. 

Промовирани огласи »

Нискобуџетниот авиопревозник  „Визер“ од 6. месецов (сабота) воведува нова линија Охрид-Дортмунд.

На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно,  секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.

Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави. На македонските рути авипревозникот лани превезе 1,4 милиони патници, што претставува раст од 15 проценти годишно.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »