Промовирани огласи »

Денеска и официјално се отвори долго најавуваниот прв Retail Park во Македонија - Point Retail Park. На прес конференцијата по повод отворањето присуствуваа сопственикот и инвеститор г. Али Ќаили, градоначалникот на Општина Бутел, г. Велимир Смилевски, како и генералниот директор на ФОРТОН МКА/ Cushman & Wakefield ексклузивниот лизинг агент, г. Влатко Богоевски.

Според сопственикот, Point Retail Park е инвестиција која ќе влијае позитивно на градот Скопје и државата генерално, позиционирајќи ја Македонија како лидер во регионот.

"Многу сме среќни и горди што денеска то го отвараме првиот Retail park кај нас, кој со својот принцип на работа ќе постави темели на еден поинаков модерен и европски концепт, кој во иднина може да претставува пример и што направивме инвестиција на која сите ќе бидат горди. Поинт Ритеил Парк е инвестиција која ќе ги отвори вратите за околу 200 лица и која вреди околу 9 милиони евра. Сакам на нагласам и дека овде во Поинт ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови и воедно ќе искористам и да им се заблагодарам на сите закупци кои го препознаа нашиот план и ја препознаа нашата инвестиција." - изјави Али Ќаили, сопственик на Point Retail Park.

Според градоначалникот на Општина Бутел, г. Велимир Смилевски, оваа инвестиција ќе ја позиционира општинaта на едно повисоко ниво.

"Општина Бутел е навистина горда што првиот Retail Park во Македонија се отвара токму тука. Јас како градоначалник сум особено горд што со оваа инвестиција ќе се влијае на локалниот економски развој на општината и ќе влијае на нејзина модернизација. Сигурни сме дека оваа инвестиција ќе ги привлече сите граѓани од Скопје и другите градови од регионот да бидат редовни посетители." - изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Во Point Retail Park ќе има голем број на познати домашни и странски брендови кои имаат што да понудат. Според Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон МКА/ Cushman & Wakefield, која е екслузивен лизинг агент на Point Retail Park интересот од брендовите бил огромен уште од самиот почеток.

"Овој концепт кој е развиен насекаде во светот посебно во Европа и регионот околу нас како Србија, Хрватска, Косово, Црна Гора се веќе високо позиционирани во овој сегмент. Ние, успеавме за кратко време да го наполниме целосно со голем број на брендови кои се светски познати, но и локални кои навистина имаат што да понудат. Од самиот почеток и најавата за идејата побуди голем интерес кај потенцијалните закупци и  интересот беше навистина голем. Оваа инвестиција која е прва од ваков тип со сигурност ќе влијае на економијата во Македонија и ќе ја направи горда, позиционирајќи го Скопје како лидер во регионот." - изјави Влатко Богоевски

Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска опрема и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoетка и продавница за деца КРШ на површина од 2500 м2.  Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Point Retail Park  е компанијата Али Тобако. Point Retail Park се наоѓа во Општина Бутел, поранешно ТИПО, на раскрсницата помеѓу булевар Словенија и Македонско - Косовска бригада.

За вечер со почеток од 19:30 часот е предвидено и свечено отворање на кое се очекуваат голем број на гости и посетители да уживаат во забавата. Од 13 до 15 часот ќе има и забава за деца на која ќе ги забавува Ивце Пивце и Газменд, а ќе има и магионичари, пантомимичари, детски песни и многу забава.

За наредниот период од страна на Поинт предвидени се гоем број на активности.

Промовирани огласи »

Секој македонски државјанин кој не си е задоволен со своето име или презиме и сака да го промени во друго, тој може да го стори тоа едноставно, со поднесување неколку документи и трошок не повисок од околу 300 денари за потребните барања, заедно со административните такси.

Оваа цена е за оние кои поднесуваат барања кои се во редовна постапка. За оние кои тоа го сакаат по брза постапка или институциите на системот им го наложуваат тоа, цената не е драстично поголема.

Законот за промена на лично име, меѓу другото, дозволува промена на сопственото име дури и безброј пати, се додека избраното име некого не го повредува.

На овој чекор годишно во Македонија се одлучуваат неколку стотици сограѓани.

Право на промена на лично име имаат сите постари од 15 години кои се способни за расудување, не се осудувани и против нив не се води кривична постапка.

Барањето се поднесува во матичните служби на Министерството за внатрешни работи, а потребна документација е лична карта, уверение од управа за приходи дека нема даночни долгови, извод од матична книга на родени, државјанство и уверение дека нема истрага против него.

- Најчесто презимиња менуваат жените кои се разведуваат, но има случаи и поради промена на верата, националноста или за да се вклопи во околината. Исто така, на децата им ги сменуваат имињата поради утврдување или оспорување на мајчинство или татковство, како и по посвојување на деца, но во овие случаи можна е само промена на презимето, велат официјални извори.

Невообичаени и егзотични имиња бараат некои уметници, но тоа главно се стандардни имиња.

Промовирани огласи »

А1 Телеком Австрија соопшти дека нејзиниот македонски огранок оне.Вип во првата половина од 2019 година остварил профит пред исплата на камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА) од 22 милиони евра, што претставува раст од 9,4 отсто во споредба со истиот период лани.

Вкупниот приход на оне.Вип во првите шест месеци од годинава се зголемил за 3,4 проценти на 59,6 милиони евра.

Во вториот квартал од 2019 година, профитот ЕБИТДА на оне.Вип се намалил за 5,8 отсто на годишно ниво на 10,9 милиони евра, додека приходот во истиот период пораснал за еден процент на 29,3 милиони евра.

Во соопштението на А1 Телеком се посочува дека на крајот на јуни годинава, оне.Вип имал вкупно 1,08 милиони претплатници на безжичен интернет, што претставува раст од 0,2 проценти во споредба со истиот период лани.

Промовирани огласи »

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија овозможува преку својата веб-страница пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Врз основа на лично брање ќе може да се спроведе непосреден увид во податоците како што се: стажот, платата и слично.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на БАРАЊЕ до филијалите, или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото БАРАЊЕ се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет, пишува Правдико.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »