Промовирани огласи »

Шпекулациите што се актуелни во изминатиот период сугерираа дека Apple ќе претстави три верзии на iPhone оваа есен.

Два модели ќе бидат наследници на iPhone 7 и iPhone 7 Plus, а третиот модел ќе биде сосема редизајниран модел со цена над 1.000 долари.

Но, според пишувањето на Business Insider, новиот iPhone можеби не е подготвен за лансирање во септември. Најавите беа дека новиот смартфон ќе има куќиште од нерѓосувачки челик, како и екран со неколку слоеви стакло. Во овој модел би се вградувал 5,8 инчен OLED екран што ќе го произведува Samsung.

Сепак, последните информации сугерираат дека производството на iPhone со OLED екран нема да почне се до септември, што значи дека е невозможно тој модел да се појави на пазарот во вообичаениот термин.

Промовирани огласи »

Бугарските граѓани од 1 декември во Канада ќе патуваат без ограничувања. Канада најави официјално укинување на визите за бугарските и романските граѓани.

Според најавата од 1 мај  во Канада без виза ќе можат да влегуваат  бугарските граѓани кои во последните 10 години имале канадска виза, како и оние кои имаат важечка виза за САД.

Канада во овој период ќе бара од бугарските граѓани да издадат електронска дозвола за патување. До олеснувачкиот режим за патување се стигна по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада. 

Промовирани огласи »

Ако трговецот ги продава производите кои имаат недостаток или грешка, мора таквите производи физички да ги одвои од останатите производи и јасно видливо и читливо да ги обележи на производот и на продажното место да истакне натпис дека се работи за продажба на производи со недостаток или грешка.

Според Законот за потрошувачи, потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:

  • бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
  • сразмерно намалување на продажната цена;
  • замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
  • замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена
  • раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален. Во случај кога потрошувачот купил прехранбени производи со недостаток, трговецот е должен да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.

Потрошувачот  е должен да приложи фискална сметка за производот, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда, а за производите за кои постојат рокови за гаранција и гарантен лист или друг документ што го заменува.

Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Недостатоците кои се откриени од страна на потрошувачот, трговецот мора да ги отстрани во рок од 30 дена од моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот или по добивањето на решението од надлежниот инспекциски орган со кое е наредено трговецот да ги отстрани недостатоците во определен рок.

За производите кои служат за потрајна употреба трговецот е должен, по приемот на барањето од потрошувачот, веднаш да му достави соодветен производ кој потрошувачот ќе го користи за време на поправката на производот.

Во случај на отстранување на недостаток на производот гарантниот рок се продолжува за време во кое производот не е користен. Ова време се пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на недостатокот.

Промовирани огласи »

Означувањето на храната го вршат операторите со храна и тие се должни на пакувањето на храната, наменета за ставање во промет, означувањето да го направат на начин кој е лесно разбирлив и во согласност со законските и подзаконските прописи.

Означувањето претставува ставање ознаки на храната или на нејзиното пакување во вид на слики, цртеж, симболи или текст преку пишување, отпечатување, втиснување, вметнување, отсликување, цртање или друг начин во прилог на пакувањето, вклучувајќи и етикети, маркички и налепници или кој било друг начин на означување.

ШТО Е ВАЖНО ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИТЕ

Преку означувањето на производите се добиваат корисни информации. Доколку внимателно го прочитате, ќе дознаете повеќе за храната што ја купувате и на тој начин ќе избегнете храна и состојки на храната на кои сте чуствителни и влијаат врз вашата здравствена состојба.

Доколку, пак, наидете на производ со изминат рок, должни сте веднаш да го пријавите на местото на купување и да ја известите Агенцијата за храна и ветеринарство.

ОЗНАЧУВАЊЕТО НЕ СМЕЕ ДА ВЕ ДОВЕДЕ ВО ЗАБЛУДА

Ознаките на производот треба да бидат читливи и напишани така што потрошувачите ќе можат да ги видат, нескриени од други ознаки (налепници за цени и слично).

ОЗНАЧУВАЊЕТО ТРЕБА ДА ГИ СОДРЖИ СЛЕДНИВЕ ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Името под кое се продава производот; Список на состојките кои се употребени во производниот процес или при преработката на прехранбениот производ; Количество одредени состојки или категории состојки употребени во производниот процес; Нето-тежина; Рок на траење; Специфични услови за складирање и услови за употреба; Серија (шаржа, партија, лот); Име и адреса на производителот и увозникот; Земја на потекло и извор на производот; Упатство за употреба; Содржина на алкохол за пијалаци кои содржат повеќе од 1,2 . проценти алкохол. вол Конзервирано со јонизирачко зрачење; Пакувано во контролирана атмосфера; Органско потекло; Генетски модифициран; Состојки кои предизвикуваат алергии кај луѓето; Додавање засладувачи; Нутритивен состав.

ДОПОЛНИТЕЛНИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ НАЈДАТ НА ПРОИЗВОДОТ

Телефонски број на производителот, увозникот, дистрибутерот за дополнителни информации; Ракување со производот, чување, одложување, рециклирање и слично; Ознаки кои се однесуваат на начинот на производство (произведено со фер-трговија, награди од независни тест-лаборатории, потписници на кодекси и слично).

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »