Промовирани огласи »

Ако трговецот ги продава производите кои имаат недостаток или грешка, мора таквите производи физички да ги одвои од останатите производи и јасно видливо и читливо да ги обележи на производот и на продажното место да истакне натпис дека се работи за продажба на производи со недостаток или грешка.

Според Законот за потрошувачи, потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:

  • бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
  • сразмерно намалување на продажната цена;
  • замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
  • замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена
  • раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален. Во случај кога потрошувачот купил прехранбени производи со недостаток, трговецот е должен да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.

Потрошувачот  е должен да приложи фискална сметка за производот, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда, а за производите за кои постојат рокови за гаранција и гарантен лист или друг документ што го заменува.

Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Недостатоците кои се откриени од страна на потрошувачот, трговецот мора да ги отстрани во рок од 30 дена од моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот или по добивањето на решението од надлежниот инспекциски орган со кое е наредено трговецот да ги отстрани недостатоците во определен рок.

За производите кои служат за потрајна употреба трговецот е должен, по приемот на барањето од потрошувачот, веднаш да му достави соодветен производ кој потрошувачот ќе го користи за време на поправката на производот.

Во случај на отстранување на недостаток на производот гарантниот рок се продолжува за време во кое производот не е користен. Ова време се пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на недостатокот.

Промовирани огласи »

Означувањето на храната го вршат операторите со храна и тие се должни на пакувањето на храната, наменета за ставање во промет, означувањето да го направат на начин кој е лесно разбирлив и во согласност со законските и подзаконските прописи.

Означувањето претставува ставање ознаки на храната или на нејзиното пакување во вид на слики, цртеж, симболи или текст преку пишување, отпечатување, втиснување, вметнување, отсликување, цртање или друг начин во прилог на пакувањето, вклучувајќи и етикети, маркички и налепници или кој било друг начин на означување.

ШТО Е ВАЖНО ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИТЕ

Преку означувањето на производите се добиваат корисни информации. Доколку внимателно го прочитате, ќе дознаете повеќе за храната што ја купувате и на тој начин ќе избегнете храна и состојки на храната на кои сте чуствителни и влијаат врз вашата здравствена состојба.

Доколку, пак, наидете на производ со изминат рок, должни сте веднаш да го пријавите на местото на купување и да ја известите Агенцијата за храна и ветеринарство.

ОЗНАЧУВАЊЕТО НЕ СМЕЕ ДА ВЕ ДОВЕДЕ ВО ЗАБЛУДА

Ознаките на производот треба да бидат читливи и напишани така што потрошувачите ќе можат да ги видат, нескриени од други ознаки (налепници за цени и слично).

ОЗНАЧУВАЊЕТО ТРЕБА ДА ГИ СОДРЖИ СЛЕДНИВЕ ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

Името под кое се продава производот; Список на состојките кои се употребени во производниот процес или при преработката на прехранбениот производ; Количество одредени состојки или категории состојки употребени во производниот процес; Нето-тежина; Рок на траење; Специфични услови за складирање и услови за употреба; Серија (шаржа, партија, лот); Име и адреса на производителот и увозникот; Земја на потекло и извор на производот; Упатство за употреба; Содржина на алкохол за пијалаци кои содржат повеќе од 1,2 . проценти алкохол. вол Конзервирано со јонизирачко зрачење; Пакувано во контролирана атмосфера; Органско потекло; Генетски модифициран; Состојки кои предизвикуваат алергии кај луѓето; Додавање засладувачи; Нутритивен состав.

ДОПОЛНИТЕЛНИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ НАЈДАТ НА ПРОИЗВОДОТ

Телефонски број на производителот, увозникот, дистрибутерот за дополнителни информации; Ракување со производот, чување, одложување, рециклирање и слично; Ознаки кои се однесуваат на начинот на производство (произведено со фер-трговија, награди од независни тест-лаборатории, потписници на кодекси и слично).

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Промовирани огласи »

Една од многуте општествени промени, предизвикани од движењето на жените во 1960-тите и 1970-тите, беше промената на улогата на родовата идеологија. Новиот начин на размислување е посебно охрабрувачки за жените кои работат, со што отвори врати за нив, да превземат и да успеат на високите работни позиции.

Оваа прогресивна енергија на работното место продолжува да расте во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век кога наеднаш забележува стагнирање. Според извештајот од 2014 на Центарот за американски развој, помалку од 9% од жените во САД се вработени во врвни управувачки позиции, додека пак процентот на жени присутни во корпоративни одбори е на исто место во текот на изминатата деценија, со само 12%.

Зошто е тоа така?

Постојат голем број на причини, но сите тие се чини дека делат еден единствен проблем - жените директори немаат толку многу можности да ги унапредат своите кариери како мажите. Многу експерти истражуваат на оваа тема и сите статистики покажуваат дека постојат три причини заради кои што жените не добиваат лидерски работни позиции.

1. Недостаток на можности за жените 

Една главна можност за која жените имаат помала веројатност од мажите е пристапот до атрактивни работни места. Ова значи дека жените добиваат помалку стручни улоги во работата, како и можност за патувања со кои можат да ги унапредат своите кариери. Мажите добиваат повеќе можности со кои можат да ги унапредат своите кариери, вклучувајќи ги и водечките проекти со големи буџети и големи тимови, а некои дури се инволвирани во меѓународни задачи.

2. Слаба женска застапеност во менаџирање

Оваа разлика е делумно директен резултат на недостаток на можности за унапредување. Она што е важно да се препознае се пречките на патот на тоа унапредување.
На пример, податоците од едно истражување велат дека испитаниците често наведуваат две причини поради кои жените не поседуваат лидерски улоги: од нив се очекува повеќе за разлика од мажите и недостатокот на компании кои се спремни да вработат жени во повисоки функции.
Интересно, студијата покажува дека работниците се свесни за овој проблем.
Испитаници низ четири генерации и три политички партии се согласуваат дека е полесно за мажите да добијат повисока функција одколку за жените.

3. Нефлексибилно работно време

Едно истражување во 2014 за невработени возрасни лица помеѓу 25 и 54, наведува дека во 61% од случаевите семејните обврски се причина поради која жените не работат, за разлика од мажите со 37%. Ова е можеби затоа што жените ги превземаат обврските околу одгледување на децата многу почесто во однос на мажите. Меѓу анкетираните во една студија повеќето мажи рекле дека се примарни хранители, но не и прв старател, а околу половина од жените изјавиле дека тие се и основен хранител и прв старател.
Во една економија каде заработувачката на жените е скоро 40% од вкупниот семеен буџет, жените се принудени да ги превземат двете улоги.
Исто така голем дел од повисоките функции бараат посветеност кон работата, како и полно работно време, кое за некои е многу често причина поради која ја напуштаат работата.

Додека горенаведените фактори помагаат да се објасни зошто жените многу почесто од мажите ја оставаат кариерата од повисоко ниво, тие исто така помагаат да се објасни зошто толку малку жени се на тие работни места. 
Според податоци од една студија, може да се утврди дека на почеток, процентот на мажи и жени кои се стремат да ги унапредат своите работи не е многу различен - 69% жени, наспроти 74% кај мажи.
Сепак, според сегашната стапка на напредок ќе бидат потребни 25 години пред да се постигне еднаквост на жените на ниво на виш потпретседател и повеќе од 100 години во највисоките лидерски работни функции.

Постојат многу начини да се изведат промените но да бидеме стрпливи и да видиме како ќе продолжат трендовите во оваа област во иднина.

Промовирани огласи »

Тестирана е верзијата со процесор Snapdragon 835, а од верзијата со Exynos процесор се очекуваат дури и подобри резултати.Тестирани се двата уреди Galaxy S8 и Galaxy S8+ на GeekBench системот и тоа со оперативен систем Андроид 7.0. До 29-ти март кога е закажана премиерата на најновиот и најголем адут на Самсунг во светот на паметните телефони, се очекува „Осмицата“ на Galaxy да пристигне со Андроид 7.1 оперативен систем, што значи дека резултатите би можеле да бидат и подобри.

Покрај тоа, се очекува моделот со Exynos, односно со Самсунг верзијата на процесор да оствари подобри резултати од моделот кој што ќе се продава со процесорот Snapdragon 835.

Њујорк е избраниот град каде што Galaxy S8 ќе го здогледа светлото на денот на 29-ти март на првото #Unpacked и #TheNextGalaxy случување. Како што може да се види на видеото и на протечените фотографии, Galaxy S8 ќе има прилично голем екран, а димензиите на рамкаа ќе бидат речиси исти како неговиот претходник.

Samsung Galaxy S8 ја носи ознаката SM-G950U и неговиот осумјадрен Snapdragon 835 процесор на GeekBench тестот оствари 1,916, односно 6,011 бодови. Од друга страна, Samsung Galaxy S8+ кој што има поголем екран (6,2 инчи во однос на 5,8 инчи на Galaxy S8) оствари 1,929, односно дури 6,048 бода.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »