Што значи флексибилност на работното место? Зошто е тоа важно? Да се биде флексибилен, кога станува збор за работата - вреди многу. Вработените кои го применуваат флексибилниот начин на работење во нивната професија обично се повеќе ценети од страна на работодавците. Флексибилност на работа вклучува подготвеност и способност и лесно одговарање при променливи околности и очекувања.
Зошто работодавците ги вреднуваат флексибилните работници?
Работниците со ориентација кон флексибилност никогаш не велат, ”Тоа не е моја работа” или ”Дали треба ова да го завршам?” кога од нив се бара да превземат нова работна задача.
Флексибилните вработени го променуваат својот пристап на работни задачи врз основа на параметри на засегнатите страни и уникатните потреби во различна ситуација.
За работодавачите, да се има вработен кој е подготвен да излезе чекор надвор од основниот опис на нивната работна задача значи дека тие може да остварат повеќе со работници кои се способни да преземат повеќе одговорности, да прават различни задачи и да превземат повеќе работа. Флексибилните вработени се подготвени да направат се што е потребно за да се заврши или исполни очекуваната работа.
Зошто вработените ги ценат флексибилните менаџери?
Вештините на флексибилност се исто така релевантни кога се работи за пристап на менаџментот кон справување со вработените. Флексибилните менаџери ги третираат вработените како поединци и прават напор да се приспособат нивните лични ставови и потреби.
Менаџери кои се флексибилни им обезбедуваат на вработените поголема слобода во поглед на начин на кој тие ги остваруваат целите. Тие ги проценуваат потребите на вработените и обезбедуваат повратни информации, како и индивидуално признавање се со цел да се оптимизира ефикасноста.
Споделување на примери за време на разговор за работа
Без оглед на работното место за кое се пријавувате, ќе имате корист доколку можете да се покажете пред човекот со кој разговарате со тоа што ќе споделите неколку примери за тоа како ќе бидете флексибилни и сте подготвени да го промените начинот на работа доколку тоа биде побарано од нивна страна.
Примери за вештини на флексибилност на работното место
Прегледајте ги овие примери на флексибилност и прилагодете ги вашите одговори за разговорот за работа, со цел да покажете пример колку сте флексибилни при работење.
- Учење на нов комплексен софтвер кој ќе ја зголеми ефикасноста
- Внимателно слушање на конструктивна критика, како дел од прегледот на месечното или годишното достигнување
- Дозволете им на оние кои не се најопходни во текот на денот да заминат порано доколку навистина им треба тоа
- Дозволувајте им на вработените да работат од дома кога е можно, со цел да се помогне на баланс помеѓу работа и семејни обврски
- Понудување за покривање на обврските на колегата, додека истиот е на одмор, боледување и сл.
- Почесто пофалување на трудољубив и продуктивен работник
- Ослободување на родители од обврски кога треба да присуствуваат на училишни состаноци за своите деца
- Замена на потрадиционалните начини на комуникација со социјалните медиуми со цел да се приграби вниманието на помлада популација
- Промена на сопствениот распоред со цел приспособување на потребите на друг вработен