Промовирани огласи »

Џејн Парк имаше само 17 години кога го освои својот прв милион џекпот од играта „Евромилиони“. Таа сега има 21 година и вели дека се чувствува полошо од претходно и живее полошо.

Парк дури почнува кампања за кревање на возраста за учество во лотаријата од 16 на 18 години. Во 2013 година, кога уште беше тинејџерка заработи над 1 милион фунти и стана најмладиот човек, кој добил џекпот, пишува „Дејли Мејл”.

Со парите купила мерцедес, но ја фатиле како вози пијана. Ако ја прогласат за виновна, вели дека ќе најми возач. Само за еден ден загубила 100 000 фунти од неуспешен бизнис, додава The Sun.

Парк троши многу пари за луксузна облека, додатоци, но и за пластични операции.

Промовирани огласи »

Жената ќе работи во една телевизија во Франција.

Една девојка конечно ќе си го исполни својот сон. Таа има 21 година и ќе биде првата жена од Франција со Даунов синдром која работи како презентер на временската прогноза.  

Мелани Сегард со помош на една хуманитирна организација успеале да си го исполни својот сон.

Јас сум различна, но сакам да им покажам на луѓето дека можам да правам разни нешта. Сакам да го докажам тоа со тоа што ќе се појавам на телевизија, изјавила Мелани.

Првото појавување на Мелани на временската прогноза ќе биде на 27 март.

Промовирани огласи »

Што значи флексибилност на работното место? Зошто е тоа важно? Да се биде флексибилен, кога станува збор за работата - вреди многу. Вработените кои го применуваат флексибилниот начин на работење во нивната професија обично се повеќе ценети од страна на работодавците. Флексибилност на работа вклучува подготвеност и способност и лесно одговарање при променливи околности и очекувања.

Зошто работодавците ги вреднуваат флексибилните работници?
Работниците со ориентација кон флексибилност никогаш не велат, ”Тоа не е моја работа” или ”Дали треба ова да го завршам?” кога од нив се бара да превземат нова работна задача.
Флексибилните вработени го променуваат својот пристап на работни задачи врз основа на параметри на засегнатите страни и уникатните потреби во различна ситуација.
За работодавачите, да се има вработен кој е подготвен да излезе чекор надвор од основниот опис на нивната работна задача значи дека тие може да остварат повеќе со работници кои се способни да преземат повеќе одговорности, да прават различни задачи и да превземат повеќе работа. Флексибилните вработени се подготвени да направат се што е потребно за да се заврши или исполни очекуваната работа.

Зошто вработените ги ценат флексибилните менаџери?
Вештините на флексибилност се исто така релевантни кога се работи за пристап на менаџментот кон справување со вработените. Флексибилните менаџери ги третираат вработените како поединци и прават напор да се приспособат нивните лични ставови и потреби.
Менаџери кои се флексибилни им обезбедуваат на вработените поголема слобода во поглед на начин на кој тие ги остваруваат целите. Тие ги проценуваат потребите на вработените и обезбедуваат повратни информации, како и индивидуално признавање се со цел да се оптимизира ефикасноста.

Споделување на примери за време на разговор за работа
Без оглед на работното место за кое се пријавувате, ќе имате корист доколку можете да се покажете пред човекот со кој разговарате со тоа што ќе споделите неколку примери за тоа како ќе бидете флексибилни и сте подготвени да го промените начинот на работа доколку тоа биде побарано од нивна страна.

Примери за вештини на флексибилност на работното место
Прегледајте ги овие примери на флексибилност и прилагодете ги вашите одговори за разговорот за работа, со цел да покажете пример колку сте флексибилни при работење.

  • Учење на нов комплексен софтвер кој ќе ја зголеми ефикасноста
  • Внимателно слушање на конструктивна критика, како дел од прегледот на месечното или годишното достигнување
  • Дозволете им на оние кои не се најопходни во текот на денот да заминат порано доколку навистина им треба тоа
  • Дозволувајте им на вработените да работат од дома кога е можно, со цел да се помогне на баланс помеѓу работа и семејни обврски
  • Понудување за покривање на обврските на колегата, додека истиот е на одмор, боледување и сл.
  • Почесто пофалување на трудољубив и продуктивен работник
  • Ослободување на родители од обврски кога треба да присуствуваат на училишни состаноци за своите деца
  • Замена на потрадиционалните начини на комуникација со социјалните медиуми со цел да се приграби вниманието на помлада популација
  • Промена на сопствениот распоред со цел приспособување на потребите на друг вработен

Промовирани огласи »

КАРИЕРА.мк разговара со доц. д-р Зорица Силјановска, професор по Трговско право и Корпоративно управување на Факултетот за правни науки на ФОН Универзитет. Со неа зборуваме за корпоративното управување, општествената одговорност на компаниите, можностите за вработување на студентите од правен факултет, проектот „Фабрика на знаење“...

Што претставува корпоративното управување?

Корпоративното управување е патот кој на компаниите им дава насоки како да направат пари на транспарентен, сериозен и чесен начин. Политиката и корпоративното управување се поврзани како "сијамски близначки". Не постои земја во која едното функционира без другото. Степенот на демократија во една земја и начинот на функционирање на политичкото управување во голема мерка ги детерминира климата и условите за работа на компаниите. На компаниите што се натпреваруваат на глобален план, императив им е корпоративното управување, при што постојат општо познати и прифатени правила и стандарди. Оние што не ги почитуваат и не ги применуваат, се  надвор од натпреварот. За Република Македонија, и за сите земји од регионот, најдобар пат за излез од ситуацијата во која што се наоѓаат нивните економии е преку поинтензивна примена на корпоративното управување што гарантира квалитет и транспарентност во функционирањето на една компанија.

Што значи развивањето на корпоративна општествена одговорност?

Корпоративната општествена одговорност (corporate social responsibility - CSR) е еден од основните постулати на доброто корпоративно управување. Концептот и дефиницијата за корпоративна општествена одговорност се развивале во текот на повеќе децении и денес се тесно поврзани со многу иницијативи и правци кои претставуваат врска меѓу придонесот на компанијата и владата кон одржлив општествен развој. Со концептот корпоративна општествена одговорност се поврзуваат следните процеси: корпоративно управување, етички принципи во бизнисот, општествено одговорни инвестиции, корпоративен граѓанин, одржлив развој, корпоративна одржливост, стејкхолдери, како и односот меѓу компанијата и општеството и компанијата и владата. Менаџментот во системот на корпоративно управување ја прифаќа општествената одговорност како битен фактор за клучните бизнис-активности и ја смета за правилна инвестиција во создавањето услови за сигурно и долготрајно деловно дејствување. Развивањето на корпоративна општествена одговорност значи развивање на можностите на компанијата, поголемо учество во општествените активности, подобар рејтинг и значајна предност во однос на конкурентите.

Колку македонските компании се општествено одговорни?

Последните истражувања потврдуваат дека имаме напредок во развојот на корпоративната општествена одговорност во нашата земја, но за жал сеуште сме далеку од очекуваните параметри. Постојат компании кои се ангажираат за воспоставување на ефективна соработка со општествената заедница, но сето тоа е површно и недоволно. Кај најголем дел од македонските компании, максимизирањето на профитот сеуште е основна и најзначајна цел и затоа развојот на корпоративната општествена одговорност ќе биде долг и макотрпен процес. Деловните субјекти и бизнис заедницата мора да станат свесни за  потребата и значењето на општествената одговорност, затоа што тоа е единствениот начин за градење и развивање квалитетен систем на корпоративно управување.

Вие сте активно вклучени во проектот „Фабрика на знаење“ кој претставува општествено одговорен проект. Колку овој проект им помага на студентите и компаниите?

Проектот „Фабрика на знаење“ е наставно-научен и апликативен проект на ФОН Универзитет преку кој се поврзуваат студентите со бизнис заедницата и јавните институции. Со проектот се унапредува квалитетот на наставата преку еден практичен и оригинален пристап, се вклучуваат студентите во научно истражувачка работа, ги имплементираат знаењата стекнати во текот на студирањето и се стекнуваат со потребните практични вештини. Креативните и применливи решенија на студентите го направија проектот исклучително атрактивен, а ФОН Универзитет горд на својот капацитет и потенцијал.

Проектот е конципиран интердисциплинарно, односно учество земаат студенти од сите факултети кои се во состав на Универзитетот. Ваквиот концепт со оглед на разновидноста на едукацијата која ја имаат сите студенти кои се дел од проектот овозможува комплетна анализа и реализација на поставените цели и задачи.

„Фабрика на знаење“ се обидува за првпат кај нас да ја конкретизира соработката меѓу високообразовните институции и деловниот свет. Тоа од една страна им помага на студентите да се стекнат со практични вештини кои им се неопходни, а од друга страна им дава можност на компаниите и работодавците да ги препознаат соодветно кавалификуваните високо квалитетни кадри.

Позади нас се 5 успешни години на реализација на проектот, соработка со над 30 компании и институции и учество на околу 1000 студенти менторирани од 100тина наставници и соработници. Со задоволство сакам да ве информирам дека преку проектот се вработени 20 студенти во нашите партнерски компании и сето ова дополнително не мотивира да продолжиме со негова реализација согласно потребите на пазарот на труд. Убедена сум дека „Фабрика на знаење“ претставува важна алка во општеството базирана исклучиво врз знаењето, науката и искуството.

Овој проект е потврда за корпоративно општествената одговорност на ФОН Универзитет како прва приватна високообразовна институција, но и поттик за подигнување на свеста кај деловните субјекти да бидат одговорни спрема сите конституенти во општествената заедница.

Колку образовните институции може да одговорат на потребите на компаниите?

Знаењето, вештините и вредностите кои студентите ги стекнуваат за време на студирањето во голема мера ги одредуваат нивните лични капацитети и интегритет кои се потребни за успешно да одговорат на предизвиците на своите работни места. Образованието и едукативниот процес се особено значајни во профилирањето на младите кадри. Стекнувањето на квалитетно теоретско знаење е битно, но не и доволно. Исправени пред предизвиците на 21век, брзиот процес на глобализација, технолошкиот развој и информатичката револуција, спојот на теоретско знаење и практично искуство, не е веќе избор туку неопходност.

Вештините кои ги поседуваат младите невработени се критични за деловниот сектор, но и за општеството во целост. И покрај високата стапка на невработеност тешко се наоѓа соодветно квалификувана работна сила. Имаме високо квалифицирани кадри преку формално образование, на кои им недостигаат технички вештини кои се стекнуваат преку неформално образование и соодветна пракса. Според мене платено практиканство и обука на работното место е добар пристап, но и алатка за усогласување на потребите на пазарот на труд.

Реформи во образованието се повеќе од неопходни и тие мора да соодветствуваат на потребите на деловниот сектор. Ова е уште една потврда дека соработката меѓу образовните институции и бизнис заедницата мора да се интензивира, зајакне и продлабочи. Потребни ни се студенти кои имаат знаење и моќ да ги менуваат нештата.

„Успешната економија зависи од образованието и вештините на човекот“

Вие се професор на Правниот факултет, што се може да работат вашите студенти?

Првиот допир со правото сите правници го имаат за време на студирањето на правните факултети. Тогаш се запознаваат со основните принципи и вредности на правото и го започнуваат својот професионален развој за идни судии, обвинители, адвокати, нотари, извршители, арбитри, стечајни управници и многубројни други правнички професии.

Независен и професионален правосуден систем е невозможен без доброорганизирано и квалитетно високо правно образование. На општеството му се отребни професионални правници кои совесно, одговорно и стручно ќе си ја вршат  својата професија. Како ќе ги едуцираме е особено важно за правниот систем, владеењето на правото и развојот на државата.

Ме радува фактот што последните години расте интересот за насоката бизнис право, еден интересен спој на правото и економијата како категории и соодветен предизвик за студентите. Изучувањето и познавањето на правната регулатива со која се регулираат и уредуваат односите во деловниот свет е важно во сите јурисдикции во светот, но и на глобално ниво.

И покрај стагнирањето на бројот на работни места на пазарот на труд интересот за општествените науки и понатаму е доминантен и во континуитет секоја година има пораст на бројот на запишаните студенти. Сето тоа се должи на широкиот спектар на правнички професии инкорпорирани во сите пори на општественото живеење.

Не постои економски развиена, силна и правна држава без професионален, автономен, ефикасен и ефективен правосуден систем. Од тоа какви правници едуцираме зависи каков правосуден систем ќе имаме.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »