Истражувањето кое го објавило "GoBankingRates", прикажува список од најевтини земји за живот. Критериумите кои ги земале во предвид се просечната плата, трошоците за сместување, цена на производи, ресторани и превоз.Топ 50-те земји каде животот е најевтин се споредени на следниот начин, од "најскапи" до најевтини, а рангирањето изгледа вака:
"Најскапи" земји за живот кои се наоѓаат на листа од 50. до 41. место се: Белорусија, Перу, Литванија, Хрватска, Мароко, Литванија, Португалија, Египет, Ерменија и Филипини.
Од 40. до 31. место се Бангладеш, Русија, Унгарија, Сирија, Словенија, Германија, Тунис, Шпанија, Естонија и Турција.
Од 30. до 21. место својата позиција ја пронашле Бразил, Грузија, Непал, Албанија, Црна Гора, Алжир, Украина, Азербејџан, Мексико и Романија.
Од 20. до 11 место се наоѓаат во главно држави од нашето окружение: Бугарија, Грција, Србија, Малезија, Чиле, Молдавија, Пакистан, Колумбија, Полска и Босна и Херцеговина.
Во топ 10 најевтини се наоѓаат Македонија, Чешка, Парагвај, Оман, Замбија, Казахстан и Саудиска Арабија. На второто место е Индија, додека "шампион" е Јужна Африка.