Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика треба денеска напладне да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Цената на дизелот останува 61,50 ден.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на предминатата недела.

Останува да видиме дали не очекува намалување на цените на горивата.

Промовирани огласи »

Најмлади мајки во Европската Унија се жените во Бугарија и Романија. 

Секое осмо дете во ЕУ, родено од мајка помлада од 20 години, е од Бугарија или Романија. 

Ова го покажуваат податоци на Евростат, а нив ги цитира украинскиот онлајн весник „Европска правда”.

Најголем удел во раѓање на први деца од млади мајки под 20 години има Бугарија (12,5 проценти од вкупниот број на раѓања во 2017 година) и Романија (12,1 отсто). Зад нив следуваат Унгарија (8,5 проценти) и Словачка (8,1 отсто).

Промовирани огласи »

И оваа година врвниот светски настан за раководењето со човечки ресурси доаѓа во Скопје!

Преостануваат уште помалку од 50 дена до одржување на настанот на кој водечки експерти ќе ви овозможат подлабоко запознавање на често променливите трендови за човечки ресурси. 

Зошто да присуствувате:

  • Брилијантни говорници: Учете директно од експерти за човечки ресурси од реномирани компании како Facebook, Gazprom, Beiersdorf, Molnlycke.
  • Одлична содржина: Суштински сесии и работилници кои не само што ќе Ви помогнат да останете во чекор со последните трендови за раководење со човечки ресурси, туку ќе Ви дадат и практични совети кои ќе можете да ги искористите во Вашата стратегија за раководење со човечки ресурси.
  • Продуктивно вмрежување:  Никогаш не знаете со какви инспирации, партнерства или деловни зделки ќе си одите од Global HR Summit Skopje.

Освен претставување на трендовите од светски компании, цел на овој настан е учесниците да разменат искуства и предизвици помеѓу нив низ разговори, дружење и работилници.

Говорници:

Пријавете го Вашето присуство на настанот на следниот линк: P WORLD

KARIERA.mk е ексклузивен партнер на овој настан

Промовирани огласи »

Нецел месец откако започна проектот МојДДВ, за поврат на 15 отсто од данокот за додадена вредност од секоја сметка, граѓаните добија известување дека за да можат да скенираат сметки ќе мора да ја ажурираат апликацијата. Под известувањето пишува: За да продолжите мора да ја ажурирате апликацијата!

Обновата на апликацијата бара инсталирање одново, а не ажурирање врз постојаната, бидејќи при повторното логирање потребно е да се внесе корисничкото име и лозинката.

Она што е новитет во новата верзија е рамката во која треба да се насочи камерата, за да се скенира фискалната сметка. Може да се одбере тип на баркод скенер и тоа основен и напреден. Останатото е исто како во првичната апликација.

Сепак граѓаните се збунети и се прашуваат, зошто треба да се ажурира апликација која во функција беше помалку од еден месец? Зарем таа верзија застаре за толку кратко време, или не функционираше како што треба, па беше потребна нова, посовремена верзија на истата? Во рамки на овие дилеми логично се поставува и прашањето дали нешто се премолчува во врска со овој проект и дали претходно скенираните сметки се легнати на контото на корисниците, или се бришат?

Одговор на сите овие прашања порталот Република има побарано во Упрвата за јавни приходи, но оттаму досега не добиле одговор.

Сепак одговорите на прашањата на Република, испратени од вчера изутрина, ги има во други медиуми.

Апликацијата ‘Мој ДДВ’, како и секоја друга апликација, подлежи на промени. Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги преземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата подобрена верзија. Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки – изјавиле оттаму потенцирајќи дека системот „Мој ДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки што граѓаните досега ги скенирале.

Сепак простор за сомневање кај граѓаните има.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »