Промовирани огласи »

Освен од авто салон, граѓаните може да го заменат старото возило и на авто плацовите каде се продаваат увезени половни автомобили. Но, автомобилите кои ќе ги субвенционира владата треба да бидат со најмалку ЕКО 5 стандарди, дообјасни министерот Крешник Бектеши во вчерашното интервју за Алсат.

Тоа значи дека за да ја добие оваа сума, купувачот не е обврзан да го одјави стариот автомобил и да купи нов само од прва рака.

Граѓаните не треба да мислат дека треба да купат кола од продажните салони, односно со нула километража. Исто така можат да одат да купат во салоните кои увезуваат, но треба да имаат предвид дека возилата треба да имаат еколошки стандард над Евро 5 и на тој начин ние како министерство ќе ги субвенционираме со 3.000 евра – рече Бектеши.

Според Законот за возила кој беше изгласан во Собранието минатата недела, вредноста на автомобилите кои ќе ги субвенционира државата не треба да надминува 12 илјади евра.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во „Нептун" со големи попусти и до 60 рати без камата на сите производи! Од 05-12 август, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Во неделата на големи попусти и рати без камата потрошувачите може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за HAPPY WEEK може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун" има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

„Нептун" во месец јуни лансираше дигитална верзија на “haPPy” картичката за лојалност со која им овозможи на клиентите да ја активираат/дигитализираат својата постоечка “haPPy” картичка на својот мобилен телефон преку веб сајтот Neptun.mk или преку мобилната апликација NEPTUN. За потрошувачите што немаат “haPPy” картичка, „Нептун" им овозможи промотивен период во кој ќе може да си купат онлајн “дигитална haPPy” картичка на 50% попуст. Со дигиталната “haPPy” картичка клиентите ќе може да ги користат бенефициите од лојалната програма во продавниците на “Нептун” ширум Македонија како и при онлајн шопинг на Neptun.mk.

„Нептун" најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21 год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун" е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

236,4 милиони евра поврат на ДДВ е сумата која фирмите ја инкасирале во првите седум месеци годинава.

Ова го покажуваат податоците на Министерството за финансии од каде велат дека во проценти тоа изнесува 14,5 остсто споредбено со минатата година.

Извршен е поврат на ДДВ кон фирмите за 30 милиони евра повеќе во однос на лани а токму тоа е доказ дека имаме зголемена наплата на даночните приходи, дека ликвидноста е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски-потенцира заменик министерката за финансии Елези.

Таа додава дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите. 

Промовирани огласи »

Од утре ќе нема недостиг на лекови во туристичките места. Министерот за здравство најави дека ги укинуваат квотите во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, а  тоа според Филипче е прв чекор до целосна либерализација и целосно укинување на квотите за лекови во цела земја.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.

 Наслежните велат дека овој период работат на утврдување на контролни механизми со кој ќе спречат злоупотреби при укинување на квотите. Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека. 

Филипче не прецизира кој правел криминал со фиктивни рецепти како што неодамна соопшти премиерот Заев, но вели дека во септември ќе излезат со цела анализа на оваа тема. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »