Промовирани огласи »

236,4 милиони евра поврат на ДДВ е сумата која фирмите ја инкасирале во првите седум месеци годинава.

Ова го покажуваат податоците на Министерството за финансии од каде велат дека во проценти тоа изнесува 14,5 остсто споредбено со минатата година.

Извршен е поврат на ДДВ кон фирмите за 30 милиони евра повеќе во однос на лани а токму тоа е доказ дека имаме зголемена наплата на даночните приходи, дека ликвидноста е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски-потенцира заменик министерката за финансии Елези.

Таа додава дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите. 

Промовирани огласи »

Од утре ќе нема недостиг на лекови во туристичките места. Министерот за здравство најави дека ги укинуваат квотите во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, а  тоа според Филипче е прв чекор до целосна либерализација и целосно укинување на квотите за лекови во цела земја.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.

 Наслежните велат дека овој период работат на утврдување на контролни механизми со кој ќе спречат злоупотреби при укинување на квотите. Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека. 

Филипче не прецизира кој правел криминал со фиктивни рецепти како што неодамна соопшти премиерот Заев, но вели дека во септември ќе излезат со цела анализа на оваа тема. 

Промовирани огласи »

Паркирањето во центарот на Скопје за само еден час може да ве чини исто колку и 1 килограм месо, колку билет за 10 возења во градскиот превоз или колку дневница на повеќето вработени во Македонија.

Во превод, советот на општина Центар донесе одлука според која паркирањето кај Дом на Градежници за еден час ќе чини 250 денари.

Од 9 август, 250 денари за час ќе чини паркирањето на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“.

Ова го соопштија од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“- Скопје од каде информираа за промените и начинот на организирање и наплата на споменатото паркиралиште, со цел да се реши проблемот со паркирањето на ова паркиралиште и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.

Иналу, овие промени доаѓаат по барање на жителите на Градски Ѕид кои со петиција навеле предлог итни мерки за решавање на проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат.

Покрај цената прифатени мерки се и редуцирање на бројот на часови на гостинската карта (м-карта) на 2 часа, по 17:00 часот неограничено, воведување на систем за препознавање на регистарски таблички и ќе се отстранат постоечките картички, а ќе се ограничи пристапот на комбињата за дотур на стока, односно ќе им се овозможи бесплатен пристап од 05:00 до 07:00 часот, во спротивно ќе ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час.

Одлуката за усвојување на Петицијата за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Дом на градежници“, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на општина Центар, беше изгласана на последната седница на Советот на општина Центар.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика треба денеска напладне да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Цената на дизелот останува 61,50 ден.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на предминатата недела.

Останува да видиме дали не очекува намалување на цените на горивата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »