Промовирани огласи »

Паркирањето во центарот на Скопје за само еден час може да ве чини исто колку и 1 килограм месо, колку билет за 10 возења во градскиот превоз или колку дневница на повеќето вработени во Македонија.

Во превод, советот на општина Центар донесе одлука според која паркирањето кај Дом на Градежници за еден час ќе чини 250 денари.

Од 9 август, 250 денари за час ќе чини паркирањето на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“.

Ова го соопштија од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“- Скопје од каде информираа за промените и начинот на организирање и наплата на споменатото паркиралиште, со цел да се реши проблемот со паркирањето на ова паркиралиште и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.

Иналу, овие промени доаѓаат по барање на жителите на Градски Ѕид кои со петиција навеле предлог итни мерки за решавање на проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат.

Покрај цената прифатени мерки се и редуцирање на бројот на часови на гостинската карта (м-карта) на 2 часа, по 17:00 часот неограничено, воведување на систем за препознавање на регистарски таблички и ќе се отстранат постоечките картички, а ќе се ограничи пристапот на комбињата за дотур на стока, односно ќе им се овозможи бесплатен пристап од 05:00 до 07:00 часот, во спротивно ќе ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час.

Одлуката за усвојување на Петицијата за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Дом на градежници“, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на општина Центар, беше изгласана на последната седница на Советот на општина Центар.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика треба денеска напладне да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Цената на дизелот останува 61,50 ден.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на предминатата недела.

Останува да видиме дали не очекува намалување на цените на горивата.

Промовирани огласи »

Најмлади мајки во Европската Унија се жените во Бугарија и Романија. 

Секое осмо дете во ЕУ, родено од мајка помлада од 20 години, е од Бугарија или Романија. 

Ова го покажуваат податоци на Евростат, а нив ги цитира украинскиот онлајн весник „Европска правда”.

Најголем удел во раѓање на први деца од млади мајки под 20 години има Бугарија (12,5 проценти од вкупниот број на раѓања во 2017 година) и Романија (12,1 отсто). Зад нив следуваат Унгарија (8,5 проценти) и Словачка (8,1 отсто).

Промовирани огласи »

И оваа година врвниот светски настан за раководењето со човечки ресурси доаѓа во Скопје!

Преостануваат уште помалку од 50 дена до одржување на настанот на кој водечки експерти ќе ви овозможат подлабоко запознавање на често променливите трендови за човечки ресурси. 

Зошто да присуствувате:

  • Брилијантни говорници: Учете директно од експерти за човечки ресурси од реномирани компании како Facebook, Gazprom, Beiersdorf, Molnlycke.
  • Одлична содржина: Суштински сесии и работилници кои не само што ќе Ви помогнат да останете во чекор со последните трендови за раководење со човечки ресурси, туку ќе Ви дадат и практични совети кои ќе можете да ги искористите во Вашата стратегија за раководење со човечки ресурси.
  • Продуктивно вмрежување:  Никогаш не знаете со какви инспирации, партнерства или деловни зделки ќе си одите од Global HR Summit Skopje.

Освен претставување на трендовите од светски компании, цел на овој настан е учесниците да разменат искуства и предизвици помеѓу нив низ разговори, дружење и работилници.

Говорници:

Пријавете го Вашето присуство на настанот на следниот линк: P WORLD

KARIERA.mk е ексклузивен партнер на овој настан

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »