Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник, цените на бензините Супер – 95 и Супер – 98 остануваат непроменети, односно ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари, а промена нема да има ниту во цената на дизелот, кој и следниве седум дена ќе се продава по цена од 60,50 денари.

Ценовникот ќе остане во сила до следниот понеделник.

Промовирани огласи »

Работа во странство и висока плата - оваа мисла може да биде примамлива, но мора да се внимава. Но, како да откриеме измама? Ако работодавачот одбие личен состанок или претпочита да зборува само во јавност, тогаш ова е јасен сигнал за можна измама.

Исто така, не е препорачливо да потпишете договор на странски јазик што не го разбирате. Не тргнувајте за странство, на работа, без да имате договор.

Исто така, потребно е да се испита дали компанијата е регистрирана во агенцијата за вработување. Привремените фирми немаат право да бараат такса во која било форма. Трошоците за превоз и сместување исто така мора да се договорат однапред.

И многу поопасни намери можат да бидат скриени зад работно место во странство. Ако барателите на работа ги чуваат вашите лични документи, тогаш ова е сигнал дека може да спаѓате во шема на трговија со луѓе заради вработување.

Затоа проверете ги торбите пред да ги закопчате куферите.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат по полноќ. Со последната промена на цените минатата недела, поевтинија бензинот и дизелот во Македонија.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Останува да видиме дали не очекува ново намалување на цените.

Промовирани огласи »

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја зголемат платата на вработените во градинките. Сметаат дека платите на просветните работници се под просекот на просечната плата во државата. Бараат од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите на просветните работници да биде слично или исто како зголемувањето на вработените во градинките, пренесе МИА.

Знаеме дека подолг временски период платите на наставниците стојат во место, освен едно мало зголемување што имаше претходната година од пет отсто. Во изминатиот период такви зголемувања речиси не постоеја, изјави потпретседателот на НСОН, Енвер Ајдини пред просториите на Министерството за образование и наука.

Додаде дека најавеното зголемување на платите од пет отсто на просветните работници не е решение на проблемите во образованието. Тој посочи дека наставниците се на маргините на егзистенцијата и нивната мотивација во работата се намалува. Наместо наставникот да се насочи кон својот професионален и кариерен развој, како што рече, тој повеќе е насочен на тоа како да ги подмири сметките.

Ние како наставници не можеме да ги мотивираме идните генерации да студираат и да станат наставници. Поради овој факт во последно време имаме недостиг на кадри, особено по предметите математика, хемија, физика итн. Во повеќе училишта поради недостиг на кадри се намалуваат работните часови по овие предмети, а можеби во некои училишта овие предмети и ќе се укинат зошто нема кој да предава, рече Ајдини.

Информира дека НСОН е член на Конфедерацијата на синдикални организации и заедно со нив ги планираат идните чекори. Најави дека ќе пратат барање за средби во ресорното Министерство и со ресорниот министер. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »