Промовирани огласи »

Министерство за работа во Русија го ревидираше списокот професии кои биле забранети за жените, и отсега Русинките ќе можат да бидат возачи на камиони, трамваи, но и морнари.

Претходната листа содржела околу 400 забранети професии за жените кои подразбираат тешка работа или се поврзани со опасни услови за работа, а сега ги има само стотина. 

Жените, како што пренесува Тасс, ќе можат да бидат и капетани на брод, но и морнари, како и возачи на брзи возови.

Меѓу професиите кои остануваат забранети за жените се оние поврзани за хемиското производство, рударство, бушотини, обработка на метал, професии за заварување, производство на анфта и гас, индустрија на обоени и необоени метали, електронска и радиотехничка индустрија, производство и одржување авиони, односно бродови и други тешки професии.

Промовирани огласи »

Просечната јунска нето плата во Хрватска е 875 евра.

Исплатената просечна нето плата во Хрватска за јуни 2019 година изнесува 6,470 куни (875 евра), објави денеска хрватскиот Државниот завод за статистика.

Највисока просечна месечна нето плата исплатена е во секторот авио-превоз, во износ од 11.023 куни (1.492 евра), а најниска во текстилната индустрија 4,264 куни (577 евра).

Медијалната (средна вредност од нависоката и најниската исплатена плата) нето плата за јуни била 5,595 куни(757,2 евра), што значи дека половина од вработените имаат пониска, а половината повисока плата од тој износ.

Промовирани огласи »

Веќе е усвоено старосната граница за пензионирање во Британија да се зголеми на 67 години до 2028 година, и на 68 години до 2046 година. 

Но, има предлог за 16 години границата да стане 75 години за да се поттикне економијата во земјата. 

Центарот за социјална правда неодамна предложи во пензија да се оди на 70 години до 2028 година, и на 75 години до 2035 година. 

Стотина илјади луѓе има на возраст од 50 до 64 години кои се неактивни и земјата не одговара на нивните потреби. Се предлага да им се најде флексибилна работа, и да им се даде шанса за усовршување. 

Промовирани огласи »

Постојат луксузни места низ целиот свет кои се погодни дури и за патувања со помал буџет. 

Општо е прифатено дека хотелите со 5 ѕвезди се само за луѓе кои имаат длабок џеб.

 Но, всушност, постојат луксузни места низ целиот свет кои се погодни дури и за патувања со помал буџет.

Меѓу најевтините хотели со пет везди е палатата Карлтон во Дубаи. Една вечер во овој луксузен хотел може да чини само 53 долари, или околу 2900 денари.

Хотелот располага со 24-часовна проверка, СПА, детски базен, ноќен клуб, бесплатен паркинг и бесплатно Wi-Fi.

Многу блиску до него е Заливот на Дубаи, трговскиот центар и сите други атракции.

Amora Jamison  е исто така во топ 5 луксузни хотели.

Хотелот нуди 415 соби со минибар, плазма ТВ, Wi-Fi и пиколо услуги. Гостите исто така можат да користат СПА, 10 конференциски сали и бесплатен паркинг.

Една вечер во овој хотел чини 122 долари, односно околу 6800 денари.

Друг релативно евтин хотел со 5 везди е Crowne Plaza London Battersea во Лондон.

За 126 долари за една ноќ, или за околу 7000 денари, гостите добиваат одлична кујна, звучно изолирана просторија со индивидуален дизајн,СПА и бар со поглед на Темза или бесплатен шатл до железничката станица Clapham Junction.

Да не го заборавиме Maison Albar Opera Diamond во Париз.

Преноќувањето во овој хотел ќе ве чини 172 долари. Има 30 простории за непушачи со бесплатен Wi-Fi. Хотелот нуди и масажа, соба за игри и сала.

Тој е на прекрасна локација во близина на метрого Сен-Лазаре, железничка станица и оперска куќа.

Меѓу најевтините, зделки со 5 везди е Intercontinental — New York Times Square. Сместен е во центарот на Њујорк.

Овој хотел има 24-часовен фитнес центар и бар, паркинг, лоби бар и хемиско чистење. Секоја соба е опремена индивидуално, со бесплатна Wi-Fi и 24-часовна услуга.

Хотелот е на само 15 минути пешачење од Тајмс Сквер. Соба со кралски кревет во овој луксузен отел ќе ве чини 177 долари за ноќ.

Фото Фејсбук и Инстаграм

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »