Промовирани огласи »

Со помош на Фондот за иновации и технолошки развој, „Пакомак“ стана првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки.

Целта на поставувањето на повратните вендинг машини (ПВМ) е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот ќе бидат соодветно наградени со т.н „зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.)

На почеток, „Пакомак“ ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување машини на целата територија на државата. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.

Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива производ), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Она што започна како експеримент во 70-тите години на минатиот век во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.

Промовирани огласи »

Географскиот атлас на светот е класичен атлас, а тоа значи дека во него се вклучени сите континенти и држави. Станува збор за ексклузивно издание на Просветно дело изработено со најсовремен пристап на дигитално и тематско гис-мапирање, при што се користени специјални, глобални тридимензионални (3Д) подлоги на релјефот на копното, на морското и океанското дно. Тој ќе ви овозможи запознавање на реките, планините, езерата, градовите и се што ќе посакате да откриете од областа на географијата.

Немите карти во издание на Просветно дело се одлично дополнување кон Географскиот атлас, како во наставата и за потребите на учениците, така и за индивидуални потреби на сите оние кои сакаат да си ги прошират своите знаења од областа географија.

Немите карти ги опфаќаат: картата на Македонија, која е дополнета со тематски прашања, картите на Европа и Азија дополнети со задачи во координација со наставните содржини, како и карти на Африка, Америка, Австралија и поларните области, исто дополнети со прашања за проверка на стекнатите знаења.

Промовирани огласи »

Доаѓате на работа, правите кафе, па ја проверувате електронската пошта и работите на својот дневен план, а потоа правите пауза дури околу 13, 14 часот за да каснете нешто и да се одморите?

Најновото истражување открива дека многу луѓе прават елементарна грешка која станува збор за правењето пауза.

Средно утро е најдобро време за пауза

Професорите Емили Хантер и Синди Ву од Универзитетот Бејлор истражувале кое време од денот е најдобро за пауза на работа и откриле дека попладневната пауза воопшто не е идеална, туку средното утро е најдоброто време за да се одморите од обврските.

Тие докажаа дека одморот во ова време од денот најдобро ја подобрува енергијата, концентрацијата и мотивацијата. Исто така, откриено е дека паузите што ги правите подоцна во текот на денот имаат многу помал ефект.

Кога конечно ќе направите пауза, имајте на ум дека не треба да правите ништо поврзано со работата, туку искористете го тоа време за да одморите и да ја повратите енергијата. Вие избирате што да направите за време на паузата. Можете исто така да извршите полесни деловни обврски сè додека не станат товар.

Повеќе кратки паузи, отколку една долга

Ако забележите дека повеќе ви одговараат почести пократки паузи наместо една долга пауза, одлучете се за овој вид на одмор. Беше спроведено истражување во кое 95 вработени на возраст меѓу 22 и 67 години учествуваа за време на една работна недела. Секоја личност мораше да ја сними секоја пауза што ја има за време на работното време. Резултатите покажаа дека вработените искористиле 959 паузи, или во просек по две паузи од едно лице.

Исто така, истражувањето покажа дека луѓето кои земале повеќе паузи имаат помалку проблеми со здравјето, како што се главоболки, нарушен вид и болки во грбот.

Промовирани огласи »

Познатиот британски готвач Џејми Оливер тврди дека Брегзит е една од причините поради кои пропаднаа неговите ресторани.

Тој вели дека луѓето престанале да одат во ресторани во 2016 година поради економската неизвесност предизвикана од Брегзит.

Од 25 ресторани што Оливер ги има низ Велика Британија, 22 се затворени во последните месеци, а преостанатите три работат блиску до аеродромот „Гетвик“ во Лондон, но и нивната судбина е неизвесна, пренесува ЦДМ.

По пропаѓањето на синџирот ресторани „Џејми Оливер ресторант груп“, 1.000 Британци останаа без своите работни места. 

Тој за да ги спаси рестораните вложи повеќе од 14 милиони евра за амортизација на деловните трошоци, но не успеа бидејќи компанијата за само една година изгуби повеќе од 31 милиони евра.

Слична судбина доживејаа и други ланци на ресторани во Велика Британија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »