Промовирани огласи »

По урнекот на светските метрополи, во центарот на Скопје нема да има автомобили. Ваква е најавата на одбележувањето на Европската недела на мобилност, во чии рамки попладнево улицата кај Рекорд е претворена во пешачка зона, планот е за две години овде да не поминуваат автомобили и ова да стане пешачка зона, вели Шилегов за „Канал 5“.

Ќе има еден убав плочник каде граѓаните ќе може слободно да се движат. Сакаме да демонстрираме како ќе изгледа една улица каде сме на викнати на сирени, метеш и сообраќај да биде тивко, рече Шилегов.

Се планира да се пренасочи сообраќајот зад Собрание, но на планот се уште се работи, а се планира и да се рашири зеленилото кај „Жена парк“.

На година и пол од сега, можеби во Скопје нема да ви биде потребен автомобил за да се движите низ градот.И сега не е потребен, бидејќи анализите покажуваат дека просечен граѓанин поминува 2 до 3 километра со автомобил што многу побрзо и едноставно да се постигне пешки, со велосипед или тротинет, како што користам јас и стигнувам многу побрзо, рече Шилегов.

Промовирани огласи »

Првиот човек на Jaguar Land Rover смета дека моменталните цели на електричните автомобили се високи.

Ралф Спет во изјавата за медиумите рече дека настојуваат да станат конкурентни на пазарот со електричните автомобили, а тоа го прават со нивниот модел I-Pace.

За просечните резултати од продажбата на електричниот модел од Jaguar виновна е високата цена, но Спет призна дека тие нема да поевтинат ниту во наредните три до пет години.

Електричните автомобили се иднината, но на нас и на другите производители им треба уште многу работа. Исто така треба да се вложува во развој на инфраструктурата за брзо полнење на батерии, која сè уште е неповолна, особено надвор од градската зона, вели Спет.

Промовирани огласи »

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека по 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград – Скопје – Солун.

Нивниот став го пренесуваме во продолжение: 

ПО 146 ГОДИНИ, МАКЕДОНИЈА СТАНА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ИЗОЛИРАНА ЗЕМЈА

По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград – Скопје – Солун.

На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување.

Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно. На патниците им се скрати можноста да ја користат единствената железничка порта кон Европа.

Со тоа Македонија дефинитивно стана железничко слепо црево. Македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата, железничкиот патнички сообраќај е целосно парализиран. Во услови кога Владата на Р. Македонија секојдневно промовира европски вредности и се повеќе не убедува дека сме на чекор до влез во ЕУ, дозволува да се укине единствениот патнички воз кој не поврзува со Европа.

Но не само изолација на меѓународен железнички план, полека се укинуваат и линиите кои сообраќаат во внатрешниот железнички сообраќај. Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија. На патниците им се скрати и таа можност, да патуваат брзо и удобно без застанување на секоја железничка станица. Негрижата за железничките возни средства и железничката инфраструктура, предизвикува постојано намалување на расположливоста на железничките возни средства, а со тоа и укинување на железнички линии.

Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор. НЕМА нови проекти, НЕМА инвестиции за одржување и ремонт на пругите и возовите. За жал мораме да констатираме дека железничкиот сообраќај во нашата држава е во тотален колапс. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор.

Ова уништување што поскоро мора да запре. Доаѓа времето кога некој ќе мора да понесе одговорност за предизвикување на железничко “цунами“ во нашата држава.

Промовирани огласи »

Најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ на својата последна прес-конференција рече дека е повторно заинтересиран за инвестирање во Македонија по неуспешниот обид во 2005 и 2006 во периодот кога дојде до промена на власта во земјата.

Сопственикот на Делта Холдинг за "Фактор" наведе дека групацијата стапила во контакт со Владата на премиерот Зоран Заев.

Јас во Македонија имав една многу лоша авантура пред повеќе од 10 години. Сега сме подготвени да вложиме во недвижнини и аграр. Ние ќе одиме преку Владата на Македонија но ќе работиме независно, вели првиот човек на компанијата која лани оствари годишен приход од половина милијарда евра.

Од Делта Холдинг велат дека во околината на Скопје бараат во моментов локација од 25.000 метри квадратни за изградба на хотел. 

И директорката на секторот што работи со недвижнини, Зорана Бурлиќ, ја потврди намерата. 

Има контакти а ние сме финансиски подготвени да делуваме но најважно од се е капиталот да биде сигурен и правилата на игра да бидат јасни, изјави Бурлиќ.

Мишковиќ одржуваше контакти со поранешниот македонски премиер Владо Бучковски со намера да инвестира повеќе од 100 милиони евра и да изгради шопинг мол во близина на хотелот "Александар Палас" но идејата се изјалови под контроверзни услови со доаѓањето на Никола Груевски на власт.

Во меѓувреме Делта Холдинг отвори шопинг молови во Бања Лука, Варна и Белград. Поседува и два хотели во Белград и еден во Љубљана. Во тек е изградба и планови за изградба на молови и хотели во неколку града на Балканот. Групацијата продаде разни бизниси за 2 милијарди евра и со тие пари започна да разработува други. 

На владата на Заев и порачува да го одреди она во кое што Македонија може да биде најдобра во Европа и да се сконцентрира посебно на тој приоритет.

Македонија има многу сонце и вода. Треба да знае како тоа да го искористи на најдобар начин, тврди тој.

На прес конференција Мишковиќ повика голем број на новинари од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, БИХ и Бугарија со цел да ги покаже своите амбициозни планови во регионот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »