Промовирани огласи »

Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, најавија од Тав Холдинг. Турската компанија која управува со скопскиот и охридскиот аеродром решила да им излезе во пресрет на барањата на оваа група патници. Пушачката зона ќе се прави горе во делот после пасошката контрола, каде од лани има и детско катче.

Од Бодрум, менаџментот на ТАВ најави и други новини и нови инвестиции за аеродромите. Од годинава на целиот аерoдром има повеќе полначи за мобилни телефони. Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на Холдингот Тав Аеродроми во едно од најубавите места во Турција денеска со македoнските новинари зборуваше за вкупната инвестиција на Холдингот. Повод е десетгодишнината откако ТАВ управува со македонските аеродроми. 

Шенер откри дека од Македонија ќе побараат концесија за управување со македонските аеродроми за нови 15 години. . 

Промовирани огласи »

Во 2019 година NASA прослави 50 години од историската мисија на Аполо 11 и првото слетување на месечината. Светското првенство во кошарка само што заврши, а на 19. декември ќе се претстави и третото и последно продолжение од трилогијата „Star Wars“. Последната година од оваа декада ќе се памети по многу значајни случувања. Воедно, 2019. претставува и многу значаен јубилеј во историјата на компанијата Samsung Electronics која го прославува своето 50. годишно постоење во светот на технологијата.

Сѐ започнало во 1969. година, кога Samsung го претставил својот прв црно-бел телевизор и започнал со извозот на производи надвор од Кореја. Секако, патот до успехот бил полн со подеми и падови, сѐ додека Samsung не прерасна во лидер и еден од најголемите технолошки иноватори во светот.

Со премисата „Инспирирај го светот, создади ја иднината“, која претставува дел од визијата на компанијата за 2020. година, Samsung ги заинтригира сите љубители на технологијата и ги наведе да размислуваат за тоа што следи.

Во однос на тоа, најавено е дека во иднина ќе се инвестира во старт-ап компании, со фокус кон вештачка интелигенција, Интернетот на нештата, надградена и виртуелна реалност и blockchain технологијата, како и дека овие техники компанијата ќе ги користи во производството на своите идни уреди.

Ќе биде феноменално да се види што има Samsung подготвено за своите корисници во годините кои следат. Тоа што е сигурно е дека компанијата ќе остане еден од најголемите иноватори кога се во прашање оригинални производи и услуги.

Покрај иновациите и технологијата, грижата за корисниците и нивните потреби низ целиот свет уште од самиот почеток е сржта на мисијата и визијата на компанијата. Токму затоа, Samsung одлучи да го прослави овој јубилеј во Македонија донирајќи од сопствените врвни технолошки производи на тие на кои најмногу им треба помош, олеснувајќи им го животот и овозможувајќи им поголема функционалност. Покрај тоа, вработени ќе учествуваат во низа волонтерски активности, давајќи свој личен придонес за локалната заедница.

Покрај општествено одговорните активности, компанијата ќе ја одбележи оваа важна годишнина и со уникатни понуди кои ги подготви за своите корисници. Воедно, покрај изненадувањата во вид на промоција, корисниците секоја недела ги очекува и врвна сервисна акција. Во рамки на првата промоција, која почнува овој петок, секој корисник помеѓу 20. септември и 10. ноември 2019. година ако купи било кој уред од понудите на Samsung за куќните апарати (машини за перење и сушење на алишта, фрижидери и вградни уреди) ќе добие 25% попуст. За повеќе информации за промоцијата, посетете ја https://www.samsung.com/mk/.

Промовирани огласи »

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше фотографиран како му ѕиркаат банкноти од 20 долари од задниот џеб, на што тој коментираше дека никогаш не користи паричник.

Јас немам паричник, бидејќи долго време не користам кредитни картички. Ми се допаѓа да имам кеш, затоа што сакам да давам бакшиш во хотелите, рече Трамп насмеано одговарајќи на новинарско прашање по фотографијата на која се качува во авион, а задниот џеб е полн со готовина.

„Можеби како претседател не треба да го правам тоа, но сакам да оставам бакшиш“, додаде американскиот претседател.

Промовирани огласи »

Република Македонија од 1990 до 2018 година забележала раст на бруто-домашниот производ (БДП) за околу 33 отсто, што во споредба со економиите од регионот е скромен пораст затоа што Турција во истиот тој период има зголемен БДП за 239 отсто, а Словенија, која е втора на листата, за 98 отсто.

Босна и Херцеговина бележи негативна стапка на економски раст од еден процент од 1990 година, при што српската економија во истиот период е уште полоша со негативен раст од 11 проценти. Хрватска напреднала со одлични 58 проценти.

Гореспоменатите податоци ги објави Сонер Кагаптај, познат турски политички аналитичар со адреса на живеење во САД. Кагаптај анализирал период од 28 години, кој е особено интересен од турска перспектива.

Во контекст на поранешна Југославија, приказот е индикативен затоа што го опфаќа периодот што започнува пред распадот на заедничката држава, војната, па потоа и последователниот економскиот колапс на земјите што беа зафатени од меѓуетничките судири.

Сонер Чачаштај е турско-американски политички научник и директор на Турската програма за истражување на Институтот за политика за Блискиот Исток во Вашингтон. Тој по професија е историчар и експерт за односи меѓу Турција и Соединетите Држави, турската политика и турскиот национализам.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »