Промовирани огласи »

На 15 март истекува рокот за пријавувањето на годишната даночна пријава. 

Годишна даночна пријава се доставува доколку во текот на  2016 година граѓанинот остварил приход по основ на кирија, за склучен авторски договор, за исплатен регрес за годишен одмор (К 15), дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари, продажба на цврст отпад, лични примања од странство, како и доколку лицето е работно ангажирано во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно има лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварува лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет.

Добивките од посебните игри на среќа  како казино, автомат клуб или обложувалница остварени во текот на 2016 година, не треба да се пријават во годишната даночна пријава.

Побрзајте и пријавете за да не платите казна.

Промовирани огласи »

Цврсто сум убедена дека вложувањето во себе, во вашето образование, во изградбата на вашата личност е најголемата инвестиција, гласела реченицата со која специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, ја започнала својата животна приказна во ЕУ инфо центарот по повод денот на жената.Фетаи отворено зборувала за тоа како растела во работничко семејство во село Неготино во Гостивар, каде било срамота жена да вози, но дека тоа не ја спречило да ги оствари своите соништа и да ставен врвен правник.

Родена сум како трето дете во работничко семејство. Во село Неготино, Гостиварско, го поминав детството и основното образование кое траеше пократко, а во средношколските денови во Боговиње, Тетовско, созреав и се заљубив во едни сини очи и се омажив на 17 години. Но и тогаш бев убедена дека можам да станам човек со висок потенцијал. Свесна бев за тешкотиите со кои ќе се соочам во моето образование. Моите родители беа работници кои можеа да ми дадат само вербална поддршка, но бев цврсто определена дека ќе застанам на свои нозе и ќе го постигнам она што го замислував како дете - да станам успешна жена и да оставам некој белег во општествениот живот, вели Фетаи.


Фетаи се запишала на Правниот факултет во Скопје, родила дете, напорно учела и студирала. Потоа родила и по втор пат, учела навечер и сонувала за високи позиции.



Решив животот да не ме води мене, туку јас него...секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себеси, вели Фатиме Фетаи.


Зборувала и за тоа дека на 26 години била избрана за јавен обвинител во основното Јавно обвинителство во Скопје. Вели и дека имала среќа што била избрана за една таква функција, и заедно со Катица Јанева да учествува во најголемата правна битка која се водела во Македонија.


Во оваа битка влегов со бебе од 4 месеци. Ова не го кажувам случајно, сакам да послужи како охрабрување за жените кои во раѓањето на деца гледаат некаква пречка за напредок во кариерата, вели Фетаи.


Заклучокот на Фетаи на крајот од говорот гласел дека не треба да се обидуваме да бидеме подобри од другите, туку да бидеме најдобра верзија на самите себе.

Говорот можете да го погледнете на приложеното видео.

Промовирани огласи »

Играч од струмичко Босилово стана милионер  на 7ми март. Во Спортлајф Трејд во 17: 10 го освои  33МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видеолотарија на РМ. Добивката е вредна 1.629.424 денари. Целата добивка и ја подари на сопругата во чест на празникот на жената.

Државна Видеолотарија во семејството милионери  во месец март, додава уште двајца среќни играчи. Едниот од Прилеп, а другиот од село Босилево.

Ратка Котева е среќна и сакана сопруга. Нејзиниот сопруг, кој е 33тиот милионер на ДВЛМ  е романтичен играч кој радоста  од добивката не само што ја подели со својата партнерка, тука целата добивка и ја подари за 8ми март. Двајцата во друштво на близок пријател пристигнаа во просториите на ДВЛМ, точно на 8март, сеуште збунети од среќниот момент, па со нас ја споделија својата убава животна приказна. Романтичниот сопруг е редовен играч на видеолотариските терминали. Досега имал по некоја помала добивка. На оваа особено и се радуваше, токму поради фактот што ќе биде убаво изненадување за неговата сопруга, токму на денот на жените. Фантастичната добивка, најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, сега во износ од 1.629.424 денари, освоена е во Спортлајф Трејд во село Василево, близу Струмица на 07.03.17 во 17:10.

Пред една недела, во Прилеп играчот Д.Д. ја освои добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.775. 691 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали на ДВЛМ во Спортлаиф Трејд во Прилеп на 01.03.2017.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 33 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 49.197.081 денари. Покрај нив, освоени се и 4454Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 33.380.401 денари.

Промовирани огласи »

Малопродажниот германски трговски ланец ДМ по многу нешта се разликува од денешните либерално капиталистички компании: платите на продавачките се движат од 850 до 950 евра, примаат четиринаесет плати и четири пати годишно добиваат подарок-пакети со производите на ДМ.

И баш кога се чини дека фирмата го достигнала врвот во спроведувањето „капитализам со човечки лик“, светот остана запрепастен од нова вест: Гец Вернер, сопственикот на ДМ, се откажа од богатството и целокупниот удел во сопствеништвото го подари на една добротворна фондација!

Со тоа е потврдено она што многумина кои го познавале го зборуваа – Гец Вернер е многу необичен човек, па не е чудно што и неговата компанија е таква. Тој сам потврди со зборовите: Не е срамота да се стане богат, но срамота е да се умре богат.

Јалов одзив на повикот на Бил Гејтс

Се проценува дека вредноста на неговиот имот е поголема од милијарда евра, кои во случај на смрт би ги наследиле неговите седум деца. Меѓутоа, од тоа нема ништо. Сепак, им обезбедил на децата квалитетно образование и им дал темел и самите да станат богати.

Децата имаат право на добар почеток во животот, но не и на тоа родителите да им обезбедат доживотна благосостојба, ја објаснува Вернер својата необична одлука.

Повеќето богаташи во светот не се откажуваат од своите пари, што неодамна го покажа и лошиот одзив на повикот на американските милијардери Бил Гејтс и Ворен Бафет. Имено, тие пред десетина дена упатија јавен повик до богаташите во светот да се откажат од половина од своето богатство во корист на добротворните организации.

Меѓутоа, повеќето го одбиле повикот правдајќи се дека и онака често донираат значајни суми во добротворни цели. Некои стручњаци сметаат дека причината е сепак малку пореална: глобалната рецесија која ги уплаши дури и најбогатите.

Успешни и во рецесија

Со инсистирање на повеќе од пристојни плати и работнички права за сите свои вработени, а сега и откажување од богатството, Вернер докажа дека компаниите со задоволни вработени се поуспешни. Имено, ДМ е една од ретките компании на која приходите во рецесија не ѝ се намалија, туку дури се зголемија.

Вернер: На секој човек по 1000 евра основна плата

Гец Вернер (66) е и професор по претприемништво на Институтот за технологија во Карлсруе, а коавтор е на книгата „1000 евра за секого“, во која се залага за тоа секој граѓанин да добива основен приход од 1000 евра, зашто тоа придонесува за ослободување на човекот. Го критикуваше новиот систем на социјална помош во Германија, според кој се соединува помошта за долгорочно невработените и помошта за сиромашните, нарекувајќи го „затвор за спиење дома“. Според Вернер, тоа е кршење на човековите права. Извор: Јутарњи лист Преземено од ОКНО.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »