Промовирани огласи »

Фондот иницираше измени во годишната програма за работа, со проширување на износот за финансирање на повиците за технолошки развој од иницијалните 2 на 5,5 милиони евра, поради големиот интерес на компаниите за финансирање, квалитетот на доставените инвестициски планови, како и првичните резултати од процесот на евалуација. 

Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР заврши со евалуацијата на 366 проектни апликации доставени во рамките на јавниот повик за комерцијализација на иновации, што го финансираат Владата и Светска Банка.

Комитетот првично одлучи дека 30 проектни апликации се подготвени за одобрување на ко-финансирање со кои се исцрпува 99% од предвидениот буџет на повикот односно 4, 94  милиони евра. Овие компании предвидуваат примарни инвестиции во вкупен износ од над 7 милиони евра, од кои 2, 32  милиони се сопствено учество на апликантите. 90% од овие компани се нови корисници, додека 10% се компани кои биле одбиени на претходни повици на ФИТР, а сега повторно аплицирале со подобрени проекти.

Имајќи го предвид големиот интерес на компаниите за финансирање, квалитетот на доставените инвестициски планови, како и првичните резултати од процесот на евалуација, Фондот достави до Владата  иницијатива за проширување на буџетот за финансирање за програмата за комерцијализација на иновации. Со оваа иницијатива, се очекува бројот на компании што би добиле поддршка за реализација на предвидените инвестиции во рамки на овој повик најмалку двојно да се зголеми. , изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

За 137 од оценуваните компании Комитетот за одобрување на инвестиции констатирал дека предложените предлог проекти соодветствуваат со целите и условите на програмите на Фондот наменети за технолошки развој (набавка на нова, современа опрема) и истите можат да бидат разгледани за ко-финансирање во рамки на тие инструменти на ФИТР. Согласно ова, Фондот иницираше измени во годишната програма за работа, со проширување на износот за финансирање на повиците за технолошки развој од иницијалните 2 на 5,5 милиони евра. Дополнително, со цел олеснување на пристапот до финансирање за оваа група компании, Фондот веќе работи на промени на процедурите и воведување т.н. „fast track“ процедура за аплицирање. Со оваа процедура, сите компании што во рамки на овој или предходните повици стигнале до фаза на финална селекција да имаат право да аплицираат на наредниот повик со ист или подобрен проект и да влезат директно во фаза на финална селекција.

За останатите проектни апликации, Комитетот за одобрување на инвестиции изготви соодветни коментари и препораки кои ќе им бидат доставени на секој апликант поединечно. И оваа група компании е предвидено да има пристап до новата процедура за аплицирање со следниот повик на Фондот.

ФИТР во наредниот период ќе спроведе и истражување на ставовите и мислењето на апликантите во однос на програмата, процедурите за реализација на јавните повици, квалитетот на услугите на Фондот и надворешните соработници во процесот, со цел натамошно унапредување на процесот и натамошно зголемување на бројот на успешни апликанти.

Јавниот повик за комерцијализација на иновации заврши на 15 мај 2019г. Аплицираа 487 компани кои побаруваа 70 милиони евра. Во фазата на финална евалуација влегоа 366 апликации, што го поминаа процесот на административна проверка и претселекција спроведен од 97 домашни стручни лица. Конечната одлука ја носи Комитетот за одлучување на инвестиции кој го сочинуваат 5 странски експерти, именувани од Владата по пат на меѓународен конкурс. Оценувањето на проектите се врши врз основа на 5 критериуми: степен на иновативност, квалитет на апликација, капацитет на проектен тим, проценка на пазар и влијание., објасни Деспотовски.

Промовирани огласи »

„Анализа на потреби и понатамошни чекори“ - предлог програмата која треба да биде основа за формирање на „Фонд за млади умови“ за поддршка на талентирани деца е презентирана во Скопје. Ова е сублимат на досегашните процеси на повеќе месечната работа во рамки на иницијативата на Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со УНИЦЕФ за креирање стратешка платформа за поддршка и развој на талентирани деца.

Предлог програмата која ја изработи Д-р. Ребека Eлис, соработничка на УНИЦЕФ, опфаќа анализи преку фокус групи во кои учествуваа вкупно 112 родители, ученици, дипломци и други чинители во образовниот систем покажа дека за да се зајакнат резултатите од програмите за млади потребна е систематска и сеопфатна поддрш ка која ќе обезбеди кохезија, конзистентност и одржливост. Дискусиите беа спроведени со цел да се дознае како чинителите го мерат успехот на учениците, како ги разбираат нивните перцепции за тековните и минатите програми и рамки; наставни практики, процедури и методи; како и да ги идентификуваат нивните долгорочни цели за задоволување на потребите на учениците со висок потенцијал во Северна Македонија.

„Ова е навистина добра можност и најважна задача која една држава може да ја преземе во 21 век. Не само во Македонија туку во неколку други земји ние се соочуваме со она што го нарекуваме бреин дреин на нашите најнадарени млади лидери и деца. Она што го креиравме е истражување кадешто ние гледаме најдобри практики во земјава и како да ги зајакнеме, да ги направиме одржливи, но исто така и како да креираме сеопфатна рамка за да бидеме сигурни дека никој креативен и надарен не е изоставен од најраната претшколска возраст па и по завршувањето на студиите. Креирањето на програмата е базирано на истражувања на она што веќе функционира и најдобрите практитки кои се спроведуваат интернационално. Мораме да бидеме сигурни дека не станува збор за една од оние програми кои доаѓаат и поминуваат, туку е нешто што ќе остане системски во општеството“, појасни Д-р. РебекаEлис – истражувачка и соработничканауниверзитетите „ЏонХопкинс” и „ЊуОреланс” во САД, и соработничкана УНИЦЕФ Македонија.

Според заклучоците во предлог програматасистемското решение треба да опфати поддршка на креативните, надарените, талентираните и иновативните ученици низ сите нивоа на образование, обука и давање моќ на младите, развој и промоција на претприемништвото како и развој на платформа која ќе ги поврзе и информира образовниот сектор, бизнис секторот и граѓанската вклученост.

„Ние не чекаме да се заврши документот, па да почнеме да работиме туку дел од работите веќе се случуваат. Во изминатите 18 месеци веќе имаме околу 15 милиони денари коишто се вложени во три различни програми во рамките на она што ќе прерасне во Фонд за млади умови. Над 500 основци и средношколци веќе земаа учество во рамките на тие програми и меѓународни натпревари. 54 основни и средни училишта реализират проекти за истражување. Бројките се охрабрувачки и јас се надевам дека само ќе се зголемуваат во наредниот период. Веќе имаме дефинирано две меѓународни организации USAID и УНИЦЕФ коишто ќе застанат зад програмата и со нив набргу ќе потпишеме меморандум за соработка. Очекувам поддршка и вклучување и на бизнис заедницата.“, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

„Фонд за млади умови“ на ФИТР, предвидено е да опфати поддршка преку веќе постоечки успешни иницијативи, да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите, како и негување и унапредување на талентите кај децата.Следните чекори во рамки на иницијативата предвидуваат дизајнирање на сеопфатна платформа за поврзување на образовниот сектор, приватниот сектор и граѓанските иницијативи, анализа на постојните програми и добри практики во насока на обезбедување поддршка на целиот иновативен циклус (од идеја /научно истражување - до пласман на пазар), изработка на регулатива за обезбедување одржливост и можно надградување на програмите кои покажуваат резултати како и дизајнирање на нови програми.

ФИТР ќе продолжи со понатамошна поддршка на програми кои покажуваат резултати, обезбедување надополнителна поддршка на основана веќе идентификувани потреби, воспоставување на Регистар на постојни пограми кои поддржуваат креативни, иновативни и претприемнички активности и стекнување на „вештини за 21иот век“ кај младите.

Само во изминатите две години освен средствата доделени преку јавни повици „Предизвик за млади истражувачи“ ФИТР со пренамена на буџетот со над 1.5 милиони денари поддржа 47 ученици и 17 ментори за натпревари во Бугарија, Холандија, Германија, Франција, Словенија, Португалија, Либан, Израел, Јужна Кореа и други држави.

Промовирани огласи »

Холдингот ТАВ Аеродроми, најпосакуваниот бренд во аеродромските операции на глобално ниво, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640.000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, изјави: 

“Навршувајќи ги првите 10 години работа во државата, многу сме среќни од работењето на двата македонски аеродрома, во секој аспект, како за компанијата така и за целокупната економија во државата.Од 2010 година инвестиравме 120 милиони евра во аеродромска инфраструктура и развој, а плативме вкупно 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци.Инвестициските циклуси од почетокот на работата на ТАВ Македонија ги поместуваат сите сегменти на аеродромското работење.Од 15 дестинации на кои превозниците летаа од/до Скопје во 2010 година, денес бројот се зголеми на 44 дестинации, додека бројот на патници на двата аеродрома, кој во 2010 година беше само 640.000, на крајот на 2018 година достигна бројка од 2,3 милиони. Очекуваме овој развој да продолжи со слично темпо во наредниот период, искористувајќи го потенцијалот на македонските аеродроми да станат заеднички регионален центар и да придонесат за развој на македонската економија и деловните односи меѓу Македонија и Турција“

Бројот на вработени на ТАВ Аеродроми, на скопскиот и охридскиот аеродром е 1.100 луѓе, од кои повеќе од 70% работат во ТАВ Македонија, а останатите во сестринските компании на ТАВ, односно во БТА, АТУ, ТАВ МОС, ТАВ Технолоџис и Еуроклин.

Главниот и извршен директор на ТАВ Аеродроми, Шенер, истакна дека успехот на пазарот е постигнат како резултат на посветената работа на тимот на ТАВ Македонија со цел да обезбеди услуги со висок квалитет во секој сегмент, како и на поддршката од институциите во земјата кои се вклучени во авиосообраќајот.

Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.

ТАВ е одлучен дека и натаму ќе продолжи со двоцифрениот пораст на бројот на патници и дека ќе продолжи да го развива скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќај на Балканот, објавија од компанијата, на прес-конференција за медиумите во Бодрум, Турција.

Достигнувањата дојдоа како резултат на одличната соработка со Владата и сите институции вклучени во воздухопловната индустријата, како што се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите кои работат на/од македонските аеродроми, нашите деловни партнери кои работат на двата аеродрома и патниците за користење на нашите аеродроми.Покрај развивањето на мрежата на авиокомпании и авиолинии, ќе продолжиме да работиме и на подобрување на квалитетот на услугите за нашите патници и одржување на високо ниво на задоволство на клиентите со усвојување на најновите трендови и решенија во дејноста на аеродромското пработење на двата македонски аеродрома, додаде Шенер.

Доказ за практиката да се обезбедат аеродромски услуги со висок квалитет, е наградата ASQ од страна на Меѓународниот совет на аеродром, што скопскиот аеродром ја доби за 2018 година, по четврти пат, по наградите добиени за 2012, 2013 и 2015 година. Оваа престижна награда е доделена според искуствата на патниците, и е светски репер за врвна услуга за клиенти.

ТАВ Македонија продолжува да бележи зголемување на бројот на патници.

Првите 8 месеци од 2019 година ги заврши со вкупно 1,8 милиони патници (1,774,482), што е 12,1% зголемување на годишно ниво и 14,744 летови (9,9% зголемување на годишно ниво) на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.    

Промовирани огласи »

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.

Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски.

Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион.

Бројот на турски туристи во периодот јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања 96.325. Според бројот на гости и ноќевања, Турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »