Промовирани огласи »

Холдингот ТАВ Аеродроми, најпосакуваниот бренд во аеродромските операции на глобално ниво, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640.000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, изјави: 

“Навршувајќи ги првите 10 години работа во државата, многу сме среќни од работењето на двата македонски аеродрома, во секој аспект, како за компанијата така и за целокупната економија во државата.Од 2010 година инвестиравме 120 милиони евра во аеродромска инфраструктура и развој, а плативме вкупно 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци.Инвестициските циклуси од почетокот на работата на ТАВ Македонија ги поместуваат сите сегменти на аеродромското работење.Од 15 дестинации на кои превозниците летаа од/до Скопје во 2010 година, денес бројот се зголеми на 44 дестинации, додека бројот на патници на двата аеродрома, кој во 2010 година беше само 640.000, на крајот на 2018 година достигна бројка од 2,3 милиони. Очекуваме овој развој да продолжи со слично темпо во наредниот период, искористувајќи го потенцијалот на македонските аеродроми да станат заеднички регионален центар и да придонесат за развој на македонската економија и деловните односи меѓу Македонија и Турција“

Бројот на вработени на ТАВ Аеродроми, на скопскиот и охридскиот аеродром е 1.100 луѓе, од кои повеќе од 70% работат во ТАВ Македонија, а останатите во сестринските компании на ТАВ, односно во БТА, АТУ, ТАВ МОС, ТАВ Технолоџис и Еуроклин.

Главниот и извршен директор на ТАВ Аеродроми, Шенер, истакна дека успехот на пазарот е постигнат како резултат на посветената работа на тимот на ТАВ Македонија со цел да обезбеди услуги со висок квалитет во секој сегмент, како и на поддршката од институциите во земјата кои се вклучени во авиосообраќајот.

Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.

ТАВ е одлучен дека и натаму ќе продолжи со двоцифрениот пораст на бројот на патници и дека ќе продолжи да го развива скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќај на Балканот, објавија од компанијата, на прес-конференција за медиумите во Бодрум, Турција.

Достигнувањата дојдоа како резултат на одличната соработка со Владата и сите институции вклучени во воздухопловната индустријата, како што се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите кои работат на/од македонските аеродроми, нашите деловни партнери кои работат на двата аеродрома и патниците за користење на нашите аеродроми.Покрај развивањето на мрежата на авиокомпании и авиолинии, ќе продолжиме да работиме и на подобрување на квалитетот на услугите за нашите патници и одржување на високо ниво на задоволство на клиентите со усвојување на најновите трендови и решенија во дејноста на аеродромското пработење на двата македонски аеродрома, додаде Шенер.

Доказ за практиката да се обезбедат аеродромски услуги со висок квалитет, е наградата ASQ од страна на Меѓународниот совет на аеродром, што скопскиот аеродром ја доби за 2018 година, по четврти пат, по наградите добиени за 2012, 2013 и 2015 година. Оваа престижна награда е доделена според искуствата на патниците, и е светски репер за врвна услуга за клиенти.

ТАВ Македонија продолжува да бележи зголемување на бројот на патници.

Првите 8 месеци од 2019 година ги заврши со вкупно 1,8 милиони патници (1,774,482), што е 12,1% зголемување на годишно ниво и 14,744 летови (9,9% зголемување на годишно ниво) на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.    

Промовирани огласи »

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.

Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски.

Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион.

Бројот на турски туристи во периодот јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања 96.325. Според бројот на гости и ноќевања, Турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион.

Промовирани огласи »

Њујорк го зголеми своето водство како главен финансиски центар во светот, додека Лондон едвај се задржа на второто место пред Хонг Конг.

Неизвесноста во поглед на Брегзит зазема сè поголем данок кога станува збор за британскиот главен град, покажаа денес објавените резултати од едно истражување.

Њујорк ја зголеми својата предност над Лондон за 17 поени, додека силните перформанси од другите градови, особено Париз, ја загрозија втората позиција на Лондон во рамките на индексот Глобални финансиски центри (GFCI) пресметана од истражувачката група Z/Yen.

Хонг Конг сега е на само два бода зад Лондон, каде за финансиските експерти е клучно прашање дали излегувањето на Британија од Европската унија на 31 октомври ќе го попречи слободното движење на талентите, се додава во истражувањето.

Во рамките на индексот GFCI рангирани се 114 финансиски центри врз основа на анализа на проценки од експерти на финансискиот сектор и база на податоци, објави агенцијата Reuters.

“Испитаниците веруваат дека Њујорк, Хонг Конг и Сингапур ќе имаат значајна корист од Брегзит.

Во Европа, се смета дека најголема корист има Франкфурт, а потоа следи Париз, Луксембург, Цирих и Даблин”, се вели во студијата.

„Сингапур, Шангај, Токио, Пекинг, Дубаи, Шенжен и Сиднеј ги сочинуваат преостанатите неколку градови во првите топ десет финансиски центри. Подемот на Шенжен, Дубаи и Сиднеј ги тргна Торонто, Цирих и Франкфурт од првите десет“, се додава во истражувањето.

Промовирани огласи »

Иако годинава донираше над 35 милијарди долари во хуманитарни цели, Бил Гејтс од почетокот на 2019. заработил 16 милијарди, па сега „вреди“ 106 милијарди долари.

Се работи за едноставна стратегија на инвестирање – над 60 проценти од моето богатство го држам во акции, кажа основачот на „Мајкрософт“ во интервју за „Блумберг“.

Околу 60 милијарди долари од богатството на Гејтс од понеделник се наоѓа во акции што ги поседува, па благодарение на тоа, објаснува советникот за инвестиции на Гејтс, тој успеал да ја изгради најголемата приватна фондација во светот без да го намали своето богатство.

Сепак, ова може да се промени доколку во САД се воведат повисоки даноци, што во последниве денови го најавуваат светските печатени медиуми на своите насловни страници.

Се сомневам дека данокот за богатите ќе помине, но јас не сум против. Најблиску до тоа се даноците на недвижностите, за кои силно се залагам да се вратат на 55 проценти, односно на нивото кое беа пред неколку децении, рече Гејтс.

Иако е втор најбогат човек во светот (зад сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос), Гејтс е познат како заговорник за повисок данок на приходите на најбогатите Американци и поголема транспарентност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »