Промовирани огласи »

Њујорк го зголеми своето водство како главен финансиски центар во светот, додека Лондон едвај се задржа на второто место пред Хонг Конг.

Неизвесноста во поглед на Брегзит зазема сè поголем данок кога станува збор за британскиот главен град, покажаа денес објавените резултати од едно истражување.

Њујорк ја зголеми својата предност над Лондон за 17 поени, додека силните перформанси од другите градови, особено Париз, ја загрозија втората позиција на Лондон во рамките на индексот Глобални финансиски центри (GFCI) пресметана од истражувачката група Z/Yen.

Хонг Конг сега е на само два бода зад Лондон, каде за финансиските експерти е клучно прашање дали излегувањето на Британија од Европската унија на 31 октомври ќе го попречи слободното движење на талентите, се додава во истражувањето.

Во рамките на индексот GFCI рангирани се 114 финансиски центри врз основа на анализа на проценки од експерти на финансискиот сектор и база на податоци, објави агенцијата Reuters.

“Испитаниците веруваат дека Њујорк, Хонг Конг и Сингапур ќе имаат значајна корист од Брегзит.

Во Европа, се смета дека најголема корист има Франкфурт, а потоа следи Париз, Луксембург, Цирих и Даблин”, се вели во студијата.

„Сингапур, Шангај, Токио, Пекинг, Дубаи, Шенжен и Сиднеј ги сочинуваат преостанатите неколку градови во првите топ десет финансиски центри. Подемот на Шенжен, Дубаи и Сиднеј ги тргна Торонто, Цирих и Франкфурт од првите десет“, се додава во истражувањето.

Промовирани огласи »

Иако годинава донираше над 35 милијарди долари во хуманитарни цели, Бил Гејтс од почетокот на 2019. заработил 16 милијарди, па сега „вреди“ 106 милијарди долари.

Се работи за едноставна стратегија на инвестирање – над 60 проценти од моето богатство го држам во акции, кажа основачот на „Мајкрософт“ во интервју за „Блумберг“.

Околу 60 милијарди долари од богатството на Гејтс од понеделник се наоѓа во акции што ги поседува, па благодарение на тоа, објаснува советникот за инвестиции на Гејтс, тој успеал да ја изгради најголемата приватна фондација во светот без да го намали своето богатство.

Сепак, ова може да се промени доколку во САД се воведат повисоки даноци, што во последниве денови го најавуваат светските печатени медиуми на своите насловни страници.

Се сомневам дека данокот за богатите ќе помине, но јас не сум против. Најблиску до тоа се даноците на недвижностите, за кои силно се залагам да се вратат на 55 проценти, односно на нивото кое беа пред неколку децении, рече Гејтс.

Иако е втор најбогат човек во светот (зад сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос), Гејтс е познат како заговорник за повисок данок на приходите на најбогатите Американци и поголема транспарентност.

Промовирани огласи »

Организиран од P World и KARIERA.mk како ексклузивен партнер, вчера по втор пат се одржа водечкиот светски настан од областа на човечките ресурси. Брилијантните говорници од Facebook, Gazprom, Heineken, Carlsberg и други се претставија со свои презентации за денешните трендови во областа на HR. 

Учесниците имаа можност да се стекнат со нови знаења и подобро да го разберат постојаното менување на трендовите од областа на човечките ресурси, со што во иднина ќе можат да ги подготват своите тимови за нови начини на работа и учење. Исто така, учесниците добија и практични совети кои ќе можат да ги искористат во нивната стратегија за раководење со човечки ресурси.

SERDZAN ŞIMŞEK ARNAUTOVIĆ од Facebook, кој е интернационален регрутер, оддржа интересна презентација за како најдорбо да се искористат Facebook алатките за професионални намени. Работел на проекти за регрутирање на некои од најголемите финансиски и технолошки институции, а сега работи во Facebook како регрутер за нивните различни позиции.

ROB VEERSMA, директор за обука и развој во Gazprom International е одговорен за спроведување на програми за обука. Како признаен светски HR експерт, има одржано голем број јавни презентации и акцент стави на развојот на технололошките иновации и дека наскоро очекува технологијата да го замени човекот во многу работни обврски.

ANDRE DE WIT има над 20 години работно искуство во меѓународни корпоративни организации. Како извршен директор тој водеше големи организации за малопродажба и трговија на големо во ИКЕА и Метро. Во текот на последните 6 години тој беше одговорен за учење и градење на способности во Метро и Карлсберг. На второто издание на Глобалниот самит за човечки ресурси во Скопје, Андре сподели некои од неговите стратегии за создавање на Вклучување на лидерство во ВУКА животна средина.

Со одлични презентации се претставија и OANA IORDACHESCU - менаџер за откривање на таленти во Criteo, MARTIN LEXA - извршен потпретседател за човечки ресурси и корпоративни комуникации во Molnlycke health care и OFELIA NIETO - корпоративен HR менаџер во Allfunds.

Преку 100 делегати научија повеќе за креирањето на лидерски особини од врвните светски предавачи. 

Промовирани огласи »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА распишува оглас за вработување на двајца извршители на позицијата МАГАЦИНСКИ РАБОТНИЦИ: https://kariera.mk/job/CjKHR3lU8UaYOuBAZpy8WQ/magacinski-rabotnici

FITNESS HOUSE има потреба да го дополни тимот со ПОМOШНИК ГОТВАЧ: https://kariera.mk/job/_MkmbtjN1ECbnIyGdOZgOg/pomoshnik-gotvach

СЕПТИМА, компанија која се занимава со промоција и продажба на препарати од повеќе реномирани фармацевтски производители, објавува конкурс за слободно работно место КОМЕРЦИЈАЛЕН СОРАБОТНИК: https://kariera.mk/job/2BZ0L3Q-A0mRb7hDjQyx2w/komercijalen-sorabotnik

АНХОЧ има потреба од пополнување на работната позиција МАГАЦИОНЕР: https://kariera.mk/job/Y2MaiqNFsUu0oSDUDlLQiQ/magacioner

ДАУТИ КОМЕРЦ објавува конкурс за работното место ЗАВАРУВАЧИ/БРАВАРИ: https://kariera.mk/job/16JhgRLqKk6AKlgDkAmWmQ/zavaruvachi-bravari

СИСТИНА ОФТАЛМОГИЈА објавува огласи за вработување на две работни позиции во нивните центри на Систина Офталмологија Гостивар и Офталмологија Тетово за МЕДИЦИНСКА СЕСТРАhttps://kariera.mk/job/9EimAEwBuUiN02eL3jRnwQ/medicinska-sestra-za-gostivar-i-tetovo

НОМИС МАКЕДОНИЈА, компанија од областа на трговија и сервис со опрема и машини за производство и процесирање на пластика, поради зголемување на својот тим на сервисери има потреба за вработување на СЕРВИСЕН ТЕХНИЧАР: https://kariera.mk/job/jaXPKTMK4UiVJcOpxqUUkw/servisen-tehnichar

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »