Промовирани огласи »

Три држави од регионот се најдоа на листата најубави во светот.

„CONDÉ NAST TRAVELLER“, светски признато списание за патување, на својот попис од 40 најубави земји на светот ставил и три балкански држави.

Трите балкански држави се Хрватска, Црна Гора и Словенија кои се заедно на листата со едни од најубавите светски дестинации како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд, Јапонија и многу други.

Во својот прилог тие Хрватска ја опишале како земја со „брановидни полиња и бели сончеви плажи“.

Словенија ја нарекле како земја која „има сè да понуди“ - од Алпите преку езерото Блез до „прекрасните зелени шуми“.

Подеднакво ги воодушевила и Црна Гора за која се согласиле со зборовите на поетот Џорџ Гордон Бајрон кој ја опишал како „најубавата средба на земјата и морето“. 

Промовирани огласи »

Најбогатиот Кинез Џек Ма, кој има богатство од 40 милијарди долари ги споделува своите совети за успех. 

1. учете од туѓите грешки

2. фокусот нека ви биде на квалитетот, а не на квантитетот

3. бидете први

4. почитувајте ги своите конкуренти

5. гледајте на предизвиците како на можност

6. верувајте

7. опкружете се со квалитетни луѓе

8. живејте здраво

9. забавувајте се

Промовирани огласи »

Над 17 милијарди денари годинава се инјектирани во стопанството.

Ова го тврди директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска .

Презентирајќи ги резултатите од мерката „Мој ДДВ“ Лукаревска изнесе податоци според кои во 2019 заклучно со  август извршен е поврат за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година. 

 17 милијарди ,43 милиони денари е сумата на повратот годинава споредбено со 2016та кога истиот бил 11 милијарди 906 милиони денари.

Во однос на мерката воведена на 1 јули до 19 септември граѓаните скенирале 19,905,878 фискални сметки.

Лукаревска вели дека е остварен промет од 10,073,372,640 ден ,вкупен ДДВ 1,093,180,972 ден , додека повратот на 15 % од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 ден или 2.666.000 евра.

Промовирани огласи »

Одењето на работа за време на викендите за никого не е среќна опција. Истражувачите од УКЛА и Кралскиот универзитетет во Лондон дошле до заклучок дека работата за викенди често предизвикува депресија, особено кај жените.

Една студија спроведена на 20.000 работници покажа дека оние кои работеле повеќе од 55 часа неделно, покажале речиси 10 отсто изразени симптоми на депресија.

Не можевме да ги утврдиме симптомите на депресија, но дознавме дека повеќе жени од мажи работат и за викенд, што им создава голем притисок и ги преплавува со обврски, изјави водителката на студијата Гил Вестон.

Студијата исто така покажа депресивни постари луѓе кои се пушачи, што е и очекувано.

Целта на оваа студија била работодавачите да се освестат за последиците што нивните вработени би можеле да ги претрпат поради големата количина на работа и со тоа да го зголемат бројот на вработени и да го намалат бројот на часови по поединец.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »