Промовирани огласи »

Над 17 милијарди денари годинава се инјектирани во стопанството.

Ова го тврди директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска .

Презентирајќи ги резултатите од мерката „Мој ДДВ“ Лукаревска изнесе податоци според кои во 2019 заклучно со  август извршен е поврат за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година. 

 17 милијарди ,43 милиони денари е сумата на повратот годинава споредбено со 2016та кога истиот бил 11 милијарди 906 милиони денари.

Во однос на мерката воведена на 1 јули до 19 септември граѓаните скенирале 19,905,878 фискални сметки.

Лукаревска вели дека е остварен промет од 10,073,372,640 ден ,вкупен ДДВ 1,093,180,972 ден , додека повратот на 15 % од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 ден или 2.666.000 евра.

Промовирани огласи »

Одењето на работа за време на викендите за никого не е среќна опција. Истражувачите од УКЛА и Кралскиот универзитетет во Лондон дошле до заклучок дека работата за викенди често предизвикува депресија, особено кај жените.

Една студија спроведена на 20.000 работници покажа дека оние кои работеле повеќе од 55 часа неделно, покажале речиси 10 отсто изразени симптоми на депресија.

Не можевме да ги утврдиме симптомите на депресија, но дознавме дека повеќе жени од мажи работат и за викенд, што им создава голем притисок и ги преплавува со обврски, изјави водителката на студијата Гил Вестон.

Студијата исто така покажа депресивни постари луѓе кои се пушачи, што е и очекувано.

Целта на оваа студија била работодавачите да се освестат за последиците што нивните вработени би можеле да ги претрпат поради големата количина на работа и со тоа да го зголемат бројот на вработени и да го намалат бројот на часови по поединец.

Промовирани огласи »

Швајцарските банки се сметаат за најбезбедни банки во светот. Порталот „Super Money“ набројува пет причини зошто заштеда на пари во оваа земја е вистинскиот избор.

Секогаш кога ќе прочитате за банкарска измама или сериозни финансиски скандали, ретко ќе најдете таму швајцарски банки. Во принцип, филмовите и ТВ сериите ги прикажуваат швајцарските банки како бастиони за безбедност, сивата тврдина каде што се крие идентитетот, а приоритет е приватноста. Се разбира, реалниот живот не е толку романтичен.

Сепак, постојат причини зошто огромни суми пари редовно се депонираат на сметки во Швајцарија. Прочитајте за да ги дознаете петте причини зошто еден процент од глобалното население претпочита швајцарски банки и зошто можеби сакате да пробате да заштедите во една од нив.

Швајцарските банки нема да го откријат идентитетот на клиентот

Швајцарските банки се на врвот на листата на светски банки кога станува збор за заштита на идентитетот на клиентите. Поточно, на банките во Швајцарија им е забрането да ги идентификуваат своите клиенти. Ако го предадат вашето име на иследник или странска влада (без значителна правна причина), локалната власт може да ги гони за тоа.

Се разбира, постојат исклучоци од секое правило. Ако сте обвинети за трговија со дрога, организиран криминал или шпионажа, банкарите ќе бидат принудени да ги дадат вашите информации до истражните органи. Но, под нормални околности, никој нема да знае дека вашата банкарска сметка во Швајцарија воопшто постои.

Безбедност на пари

Во случај на природни непогоди или силни пожари, вашите пари ќе бидат безбедни и целосно вратени. Ова е затоа што Сојузот на банкари од Швајцарија ја гарантира безбедноста на секоја поврзана банкарска сметка.

Швајцарија има најбезбедна валута во светот

Швајцарскиот франк е една од најбезбедните валути во светот. Практично е нула инфлација со оваа валута. Зошто франкот е толку стабилен? Па, повеќето модерни валути постојат дигитално и во колективната свест на нивните корисници. Швајцарскиот франк, од друга страна, има резерви на злато најмалку 40 проценти.

Стабилна економија

Важно е да се напомене дека не само франкот што е стабилен. Цела Швајцарија има релативно солидна економија. Со други зборови, меѓународните економски конфликти ретко имаат влијание врз швајцарската економија.

Швајцарските банки не се само за богатите

Повеќето луѓе мислат дека само најбогатите луѓе можат да си дозволат банкарска сметка во Швајцарија. Сепак, ова е вообичаена заблуда. Ако имате 18 години и имате валиден пасош, најверојатно можете да отворите сметка во швајцарска банка.

Одредени банки сигурно имаат дополнителни услови, вклучувајќи доказ за приход и минимум депозит. И да, кај одредени елитни швајцарски банки, тој минимален депозит може да достигне до 100.000 УСД. Како и да е, други имаат најмалку 10.000 УСД, сума што некои од нас ќе ја видат во текот на животот. И во швајцарска банка можете да бидете 100 проценти сигурни дека вашите заштеди се безбедни.

Според тоа, швајцарските банки често наплаќаат повисоки такси за одржување за да одат заедно со нивната безбедност. Треба да бидете свесни за сите нивни придобивки и да ги измерите трошоците пред да ги пренесете вашите заштеди во Швајцарија.

Промовирани огласи »

Фондот иницираше измени во годишната програма за работа, со проширување на износот за финансирање на повиците за технолошки развој од иницијалните 2 на 5,5 милиони евра, поради големиот интерес на компаниите за финансирање, квалитетот на доставените инвестициски планови, како и првичните резултати од процесот на евалуација. 

Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР заврши со евалуацијата на 366 проектни апликации доставени во рамките на јавниот повик за комерцијализација на иновации, што го финансираат Владата и Светска Банка.

Комитетот првично одлучи дека 30 проектни апликации се подготвени за одобрување на ко-финансирање со кои се исцрпува 99% од предвидениот буџет на повикот односно 4, 94  милиони евра. Овие компании предвидуваат примарни инвестиции во вкупен износ од над 7 милиони евра, од кои 2, 32  милиони се сопствено учество на апликантите. 90% од овие компани се нови корисници, додека 10% се компани кои биле одбиени на претходни повици на ФИТР, а сега повторно аплицирале со подобрени проекти.

Имајќи го предвид големиот интерес на компаниите за финансирање, квалитетот на доставените инвестициски планови, како и првичните резултати од процесот на евалуација, Фондот достави до Владата  иницијатива за проширување на буџетот за финансирање за програмата за комерцијализација на иновации. Со оваа иницијатива, се очекува бројот на компании што би добиле поддршка за реализација на предвидените инвестиции во рамки на овој повик најмалку двојно да се зголеми. , изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

За 137 од оценуваните компании Комитетот за одобрување на инвестиции констатирал дека предложените предлог проекти соодветствуваат со целите и условите на програмите на Фондот наменети за технолошки развој (набавка на нова, современа опрема) и истите можат да бидат разгледани за ко-финансирање во рамки на тие инструменти на ФИТР. Согласно ова, Фондот иницираше измени во годишната програма за работа, со проширување на износот за финансирање на повиците за технолошки развој од иницијалните 2 на 5,5 милиони евра. Дополнително, со цел олеснување на пристапот до финансирање за оваа група компании, Фондот веќе работи на промени на процедурите и воведување т.н. „fast track“ процедура за аплицирање. Со оваа процедура, сите компании што во рамки на овој или предходните повици стигнале до фаза на финална селекција да имаат право да аплицираат на наредниот повик со ист или подобрен проект и да влезат директно во фаза на финална селекција.

За останатите проектни апликации, Комитетот за одобрување на инвестиции изготви соодветни коментари и препораки кои ќе им бидат доставени на секој апликант поединечно. И оваа група компании е предвидено да има пристап до новата процедура за аплицирање со следниот повик на Фондот.

ФИТР во наредниот период ќе спроведе и истражување на ставовите и мислењето на апликантите во однос на програмата, процедурите за реализација на јавните повици, квалитетот на услугите на Фондот и надворешните соработници во процесот, со цел натамошно унапредување на процесот и натамошно зголемување на бројот на успешни апликанти.

Јавниот повик за комерцијализација на иновации заврши на 15 мај 2019г. Аплицираа 487 компани кои побаруваа 70 милиони евра. Во фазата на финална евалуација влегоа 366 апликации, што го поминаа процесот на административна проверка и претселекција спроведен од 97 домашни стручни лица. Конечната одлука ја носи Комитетот за одлучување на инвестиции кој го сочинуваат 5 странски експерти, именувани од Владата по пат на меѓународен конкурс. Оценувањето на проектите се врши врз основа на 5 критериуми: степен на иновативност, квалитет на апликација, капацитет на проектен тим, проценка на пазар и влијание., објасни Деспотовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »