АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ

За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »

East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на трговскиот центар, ја објавуваме следната позиција:

АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ

Опис на работни задачи:

  • Во потрага сме по комуникативна, одговорна и организирана личност за работа во нашето информативно биро. На оваа работна позиција, од вас ќе се бара да одговарате на прашања и барања за информации од посетителите, да одговарате на повици и да внесувате податоци кои се однесуваат на барањата на посетителите. Како Административен асистент на инфо пулт вашите должности ќе вклучуваат и помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите.

Одговорности и работни задачи:

  • Одговарање на прашања на клиентите и посетителите
  • Одговарање, проверка и препраќање телефонски повици на професионален начин
  • Помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите
  • Помош при внесување податоци за посетителите, скенирање, информации за е-пошта
  • Водење благајна, управување со готовина, вршење пресметка и предавање на дневниот промет 
  • Прибирање податоци од клиенти, проследување апликаци и издавање потврда за одобрени брзи потрошувачки кредити преку систем до Банките со кои Друштвото соработува
  • Продажба на гифт картички

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини и љубезност
  • Солидно познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на албанскиот јазик
  • Завршено средно или високо образование
  • Искуство во работа со табеларни пресметки, печатачи, копирање, скенирање и системи за препраќање на повици

Што нудиме:

  • Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Можности за учење и напредување
  • Работа во смени

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 10.08.2024.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »