Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите производи константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално вработува:

ДИГАЛКАР
ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР
ЕЛЕКТРИЧАР

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можерте да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Wiz се повлече од договорот за купување од страна на Google за 23 милијарди долари и одлучи да продолжи со плановите за иницијална јавна понуда (IPO). Ко-основачот на Wiz, Асаф Рапапорт, објави дека компанијата ќе се фокусира на IPO и остварување на 1 милијарда долари годишни повратни приходи. Зделката со Google беше разгледана, но антимонополските и инвеститорските грижи беа причините за напуштање на договорот.
 

Компанијата Wiz, основана во 2020 година, брзо порасна под водството на Рапапорт и достигна 350 милиони долари годишни приходи минатата година. Wiz нуди облак за безбедност кој вклучува превенција, активна детекција и одговор, што го прави атрактивен за големи фирми и потенцијално корисен за Google во конкуренцијата со Microsoft и Amazon.

Откажувањето на зделката со Google се смета за разочарување за инвеститорите како Index Ventures и Sequoia, кои очекуваа значителни поврати. Рапапорт и ко-основачите претходно го продадоа својот стартап Adallom на Microsoft за 320 милиони долари во 2015 година.

Линк од оргиналната вест.
 

Промовирани огласи »

Парното кое го плаќаат Скопјани за загревање на нивните домови од први август ќе биде поевтино. Сепак, дали цената на парно греењето ќе се намали значајно, или сосема малку, зависи од државата, поточно од тоа дали ќе продолжи државното субвенционирање или не. 

Доколку продолжат субвенциите, за околу 60.000 корисници, намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно. 

Пониски сметки ќе има и за корисници на топлинска енергија на топланата Скопје Север и за корисниците на ЕСМ Енергетика - ова го соопшти на денешната прес конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и дека тој смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.

Цените за парно за сите останати потрошувачи како училишта и институции, ќе се намалат за 17,3 отсто. Оваа цена за домаќинствата е без субвенции. Во изминатиот период, за субвенционирање од Буџетот на државата беа издвоени приближно 12 милиони евра. 

Според првиот регулатор, за останатите системи или поточно цената на топлинската енеригја од Скопје-Север за домаќинствата се намалува за 1,71 отсто, а за останатите за 17,22 проценти.

Кај „ЕСМ Енергетика“, цената на парното за домаќинствата се намалува за 0,5 отсто, додека за останатите околу 40 проценти - објасни Бислимоски.

Како што посочи претседателот на РКЕ, од новите пресметки на цената за испорака на топлинска енергија не биле задоволни трите компании на ЕСМ, како и ЕСМ Енергетика, а дел од нив најавиле дека одлуките на Регулаторна ќе ги обжалат на Управен суд.

Бислимовски рече дека очекува конечно ЕСМ да го постави цевководот под мостот „Беласица“, кој беше опожарен пред повеќе од една година што ќе овозможи што повеќе топлинска енергија да се испорачува од „Те-То“, која е за 30 отсто поевтина отколку цената на топланите.

Промовирани огласи »

Во сезоната на годишни одмори, јули мина без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена. Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници - 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

До крајот на годинава неработни денови за сите ѓраѓани се: 

• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,

• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »