Промовирани огласи »

Парното кое го плаќаат Скопјани за загревање на нивните домови од први август ќе биде поевтино. Сепак, дали цената на парно греењето ќе се намали значајно, или сосема малку, зависи од државата, поточно од тоа дали ќе продолжи државното субвенционирање или не. 

Доколку продолжат субвенциите, за околу 60.000 корисници, намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно. 

Пониски сметки ќе има и за корисници на топлинска енергија на топланата Скопје Север и за корисниците на ЕСМ Енергетика - ова го соопшти на денешната прес конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и дека тој смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.

Цените за парно за сите останати потрошувачи како училишта и институции, ќе се намалат за 17,3 отсто. Оваа цена за домаќинствата е без субвенции. Во изминатиот период, за субвенционирање од Буџетот на државата беа издвоени приближно 12 милиони евра. 

Според првиот регулатор, за останатите системи или поточно цената на топлинската енеригја од Скопје-Север за домаќинствата се намалува за 1,71 отсто, а за останатите за 17,22 проценти.

Кај „ЕСМ Енергетика“, цената на парното за домаќинствата се намалува за 0,5 отсто, додека за останатите околу 40 проценти - објасни Бислимоски.

Како што посочи претседателот на РКЕ, од новите пресметки на цената за испорака на топлинска енергија не биле задоволни трите компании на ЕСМ, како и ЕСМ Енергетика, а дел од нив најавиле дека одлуките на Регулаторна ќе ги обжалат на Управен суд.

Бислимовски рече дека очекува конечно ЕСМ да го постави цевководот под мостот „Беласица“, кој беше опожарен пред повеќе од една година што ќе овозможи што повеќе топлинска енергија да се испорачува од „Те-То“, која е за 30 отсто поевтина отколку цената на топланите.

Промовирани огласи »

Во сезоната на годишни одмори, јули мина без ниту еден неработен ден, додека во август има два неработни дена. Тоа се 2 август (петок), Ден на Републиката и за православните верници - 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

До крајот на годинава неработни денови за сите ѓраѓани се: 

• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,

• 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.  

Промовирани огласи »

Земјотресот во Скопје во 1963 година беше катастрофален настан што се случи на 26 јули. Земјотресот имаше јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и траеше околу 20 секунди. Епицентарот беше во близина на градот Скопје, и потресот остави разорни последици.

Земјотресот уништи околу 80% од градот, со многу згради кои беа целосно разурнати или сериозно оштетени. Повеќе од 1,000 луѓе загинаа, а над 3,000 беа повредени. Околу 200,000 луѓе останаа без покрив над главата, и беа потребни години за да се обнови градот.

Помошта пристигна од цел свет. Многу држави, меѓународни организации и поединци испратија финансиска и хуманитарна помош за да му помогнат на Скопје да се опорави од оваа трагедија. Обновата на Скопје беше симбол на меѓународната солидарност и соработка, и градот се претвори во модерна метропола со нови урбанистички решенија и инфраструктура.

Земјотресот во Скопје е запомнет како еден од најразорните земјотреси во историјата на Балканот и остава длабоки траги во колективната меморија на жителите на Македонија.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Сите работни позииции на Стокомак можете да ги најдете ТУКА.

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје.

Моментално вработува:

КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ
РЕЦЕПЦИОНЕР
ФИНАНСИСКИ СМЕТКОВОДИТЕЛ

TRANSCOM MACEDONIA компанија специјализирана за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ЗА РАБОТА ОД ДОМА (М/Ж)
ТУРИСТИЧКИ АГЕНТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК (М/Ж)
КОНСУЛТАНТ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИЗЛЕЗНИ ПОВИЦИ СО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК (ДОПОЛНИТЕЛНО ПОЗНАВАЊЕ И НА АНГЛИСКИ)

SKOPJE MARRIOTT HOTEL заслужуваш кариера која ја исполнува твојата цел. Биди дел од нешто поголемо од тебе, придружи се на тимот каде што секој има глас.

Сите работни позииции на SKOPJE MARRIOTT HOTEL можете да ги најдете ТУКА.

Котон е турска мултинационална компанија за облека. 

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CAPITOL MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - DIAMOND MALL

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

SALES ASSISTANT
AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

Тиго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИ СКОПЈЕ, ГОСТИВАР, ТЕТОВО
МЕНАЏЕР НА ОДДЕЛ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО КРЕДИТИРАЊЕ


Во Република Македонија УНИКА е присутна 20 години преку своите две друштва за осигурување – УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, со што на нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим.

Моментално вработува:

ПРАВНИК
СОРАБОТНИК ЗА БАНКООСИГУРУВАЊЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »