Правник

За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата... повеќе за компанијата »

 

Друштвото за неживотно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.

Групацијата е  застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .

На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .

Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција :

ПРАВНИК СО ИЛИ БЕЗ ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Изготвување документација и спроведување постапки пред надлежни институции
  • Прегледување на понуди за осигурување
  • Изготвување на редовни и вонредни правни лекови, дописи и друга документација потребна за судски постапки
  • Административни работи.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Искуство во застапување во постапки за надомест на штета (ќе се смета за предност)
  • Познавање на англиски јазик
  • Организациски вештини и тимска работа
  • Познавање на работа со компјутери

Сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 19.07.2024 година.

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме и обработуваме Вашите лични  податоци согласно нашите идни потреби во согласност соодредбите на Законот за лични податоци.

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат барањата нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »