
За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.
Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Прием на влезна и обработка на влезна и излезна документација за предмети на штети во електронскиот деловодник на друштвото;
- Уредување на документацијата во матичната апликација;
- Административно технички работи поврзани за процесот на пријава на штети.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото во Скопје
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
- Солидно познавање на Microsoft Office.
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, ажурност;
- Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
- Ќе се смета за предност претходно искуство во подрачјето на архивско работење.
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
- Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
- Работа со современи технологии и стекнување нови знаења;
- Основната нето плата за оваа позиција изнесува 27.000,00 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот.
Доколку сте заинтересирани, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000006RRgb
Слични огласи »