
За компанијата: LeGrand Casino останува едно од првите и најдобрите казина во Северна Македонија, главна дестинација за пошироката јавност, бидејќи казиното континуирано се oбновува и подобрува повеќе од 25 години од отворањето во Скопје и Битола. Зачувувајќи ја традицијата, но сепак секогаш иновативни.
повеќе за компанијата »Оглас за вработување во Ле Гранд Казино - Скопје
Со повеќе од 25 години на пазарот, Ле Гранд Казино е едно од најстарите казина во нашата земја, синоним за перфектно искуство во светот на игрите на среќа.
Ле Гранд Казино Скопје вработува ШАНКЕР.
Работни задачи:
- Подготвува и послужува пијалоци во согласност со нарачките од гостите;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Тимски играч и колегијалност;
- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Познавање на странски јазик ќе биде предност;
- Искуство во угостителство ќе се смета за предност;
- Работа во три смени.
Локација: Ле Гранд Казино - Скопје
Тип на вработување: Полно работно време
Рок за пријавување на огласот: 21.03.2025
Како да аплицирате:
Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете „Шанкер – Ле Гранд Казино Скопје“.
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Ле Гранд Казино е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Слични огласи »