Референт за кредитна администрација

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за РЕФЕРЕНТ ЗА КРЕДИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА во Служба за кредитна администрација.  

Потребни квалификации:

  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
  • Добри аналитички, организациски и комуникациски вештини
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Познавање на англиски јазик
  • Прецизност и доверливост во извршување на работните задачи
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност

Дел од работните задачи:

  • Системско евидентирање и процесирање на одобрени кредити, гаранции, лимити и сл.;
  • Изготвување и спроведување на целокупната кредитна документација;
  • Грижа за архивирање на кредитните досиеја;
  • Вклученост во креирање и имплементација на проекти поврзани со активности за администрација на кредити на клиенти;
  • Работа во согласност со регулаторната рамка и интерните процедури и др.

Бенефиции / Придобивки:

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
  • Динамична работна средина
  • Слободен ден за роденден

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за кредитна администрацијанајдоцна до 20.03.2025 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »