
За компанијата: Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 6 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин...
повеќе за компанијата »✅ ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Бараме одговорна и организирана личност која ќе биде задолжена за:
- Достава на накит и потрошен материјал до сите продажни локации на ЗИА.
- Подготовка на робата за достава: шифрирање на накитот, средување и позиционирање на табли.
- Помош при попис на производи и административни задачи во денови кога нема активна достава.
Со оглед на тоа дека се работи со производ како што е накитот, оваа работна позиција е подеднакво соодветна и за жени.
Работните обврски се одвиваат во канцеларија на пријатна локација, поточно канцелариите се сместени на Водно, под хотел Панорамика.
✅ ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Б категорија – активен возач со искуство.
- Одлични организациски способности.
- Високо ниво на одговорност и точност.
- Способност за работа во динамична средина.
- Тимска ориентираност и иницијативност.
✅ ШТО НУДИМЕ:
- Работно време од Понеделник до Петок (07:30 – 15:30), со можност за адаптација и почеток час подоцна.
- Слободни викенди и државни празници.
- Работа во пријатна и стабилна средина.
- Долгорочна соработка и можност за професионален раст.
📩 Доколку се гледате во оваа улога, испратете ја вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Оперативез за логистика и магацин
Слични огласи »