Промовирани огласи »

Општина Кисела Вода воведува за првпат субвенции за младите, со цел да им помогне во стекнувањето на возачка дозвола од Б категорија. Оваа финансиска поддршка од 10.000 денари е наменета за матурантите од генерацијата 2025, кои ќе се запишат или веќе се запишале на обука за теоретски и практичен дел во некоја од лиценцираните автошколи почнувајќи од 1 јануари 2025 година, информираат од Општината.

Кандидатите треба да се жители на Општина Кисела Вода и да приложат потврда за запишување во последна година од средно образование. Јавниот повик ќе трае додека не се исцрпат средствата од општинскиот буџет кои изнесуваат 4 милиони денари.

Обезбедувањето возачка дозвола претставува значаен чекор кон поголема самостојност и мобилност за младите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потенцира дека оваа мерка не само што ја олеснува финансиската тежина врз семејствата, туку и поттикнува безбедно учество во сообраќајот. „Со оваа финансиска поддршка, испраќаме јасна порака – младите треба да се вклучат во сообраќајот на безбеден и законски начин“, вели Ѓорѓиевски.

Тагови: возачка дозвола

Промовирани огласи »

Песимизмот во тимот може да влијае на продуктивноста, мотивацијата и работната атмосфера. Доколку не се адресира навреме, може да доведе до пониски перформанси и незадоволство кај вработените.

Еве четири ефикасни начини како да го менаџирате песимизмот во вашиот тим:

1. Идентификувајте го изворот на песимизмот

Првиот чекор е да разберете што го предизвикува песимизмот. Дали станува збор за работен притисок, несигурност во работата или лоша комуникација? Разговарајте со тимот, поставувајте отворени прашања и слушајте ги нивните грижи за да пронајдете соодветно решение.

2. Поттикнувајте позитивна комуникација

Создадете култура во која позитивната комуникација е норма. Препознавајте и нагласувајте ги успесите на тимот, дури и ако се мали. Споделувајте инспиративни приказни и примери кои ќе го поттикнат оптимизмот. Охрабрете конструктивна критика наместо негативни коментари.

3. Фокусирајте се на решенија, не на проблеми

Кога ќе се појави проблем, насочете го тимот кон пронаоѓање решенија наместо кон жалење. Користете техники како "brainstorming" за да ги вклучите сите во процесот на наоѓање решенија. Ова ќе им даде чувство на контрола и ќе го намали песимизмот.

4. Обезбедете поддршка и развој

Понекогаш, песимизмот доаѓа од чувство на заглавеност или недостаток на личен развој. Обезбедете обуки, менторство или можности за раст за да им помогнете на вработените да се чувствуваат мотивирани и вреднувани. Покажете дека ви е грижа за нивниот напредок.

Со правилен пристап, песимизмот во тимот може да се трансформира во позитивна енергија и мотивација. Водете со пример и создадете работна средина во која вашите вработени ќе се чувствуваат инспирирани и поддржани.

Промовирани огласи »

Денес се очекува променливо облачно време со умерен до засилен јужен ветер. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и силен ветер што може да надмине 60 km/h.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд, а во одредени делови од котлината дождот ќе биде пороен со грмежи и силен ветер.

Бидете во тек со временската прогноза! ☀️🌧️ Сите најнови информации можете да ги најдете на KARIERA.mk

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

16.03.2025 Недела   / 23° 05:44   17:45
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

11°
11°
10°
11°
10°
10°
12°
14°
17°
19°
22°
23°
23°
23°
22°
21°
19°
16°
14°
12°
10°



2

2

2

1

1

1

2

2

2

3

4

5

5

6

6

5

4

4

4

3

3

3

3
17.03.2025 Понеделник   / 14° 05:42   17:46
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h








10°
12°
14°
11°
11°
12°
11°
12°
11°








3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

5

4

3

4

3

3

4

3

3

4

4

3

3
18.03.2025 Вторник   / 05:40   17:47
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























3

3

3

3

3

3

6

6

5

5

5

6

6

6

6

6

6

6

6

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

КС Групација оваа година го одбележа меѓународниот ден на жената 8-ми март со неколку активности. Секоја жена, мајка, девојка заслужува признание за својата улога во обликувањето на општеството и за придонесот кој го дава секој ден. Компаниите од КС Групацијата (Голд Фелициа, Голд Слот, Евротип, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт  постојано ги поддржуваат и охрабруваат жените, бидејќи токму тие се двигател на општествените  промени во секој аспект.

Во склоп на тие активности Голд Фелициа втора година по ред го поддржа Конкурсот за Краток Расказ кој 12та година по ред го организира Организацијата на жени од Битола во соработка со НУ Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски – Битола. Тема на овогодинешниот конкурс беше "Семејното наследство женски товар на традицијата".

Голд Фелициа додели 6 награди за победниците на конкурсот во двете категории – категорија ученици и категорија возрасни.

Јасна Весиќ од маркетинг секторот на КС Групација беше присутна на настанот и им ги додели наградите на среќните добитници.

На 6-ти март во ресторанскиот дел на Голд Фелициа се одржа традионалната забава за вработените жени од дирекцијата на КС Групација. Заедничкото дружење придонесува за развивање на тимскиот дух и подобрување на меѓусебната комуникација меѓу вработените со што се подобрува функционирањето на самиот деловен процес на Групацијата.

На 7-ми март во дирекцијата на КС Групација припадничките на понежниот пол беа изненадени со цвет и картичка како мал знак на внимание во пресрет на празникот на жената.

Беа испратени и цвеќиња до соработничките на КС Групација од различни сектори на општественото делување. Цветови добија и сите операторки во Евротип и Голд Слот Клубовите низ цела Македонија.

Финансовата директорка на КС Групација М-р Ивона Шурбевска беше една од 8-те жени која со своја изјава учествуваше во традиционалната објава на порталот Битола Њуз која секоја година се објавува за денот на жената 8-ми март.

На 11-ти март претставничките од маркетинг секторот Елена Трајчевска и Јасна Весиќ  присуствуваа на настанот „Жена 360° – Инспирација во сите улоги“ во организација на Советот за женско претприемништво, а со поддршка на Општина Битола кој се одржа во Утопија. Настанот беше одлична можност за споделување на искуства и поврзување со жени кои оставаат силен печат во сите сфери на општественото живеење.

Нашата групација сака да биде пример за сите останати компании и со личен пример да поттикне промени во општеството. Менаџерскиот тим на групацијата сака да акцентира дека родовата еднаквост е важен сегмент од деловното работење и повикува на поголема свесност за овој “феномен” кај сите компании.

Тагови: 8ми март КС Гроуп ДОО

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »