Компанијата Компјунет инженеринг е основана 1999 година, дистрибутер е на производи и услуги од големи мултинационални компании како WAGO, ABB, Schneider electric, Hydac, Extech, MDT и други, како и изведувач и интегратор на софистицирани решенија од областа на Информатиката, Автоматиката, Електротехниката и Зградната автоматизација.
Компјунет инженеринг има потреба од менаџер за продажба и маркетинг, чии одговорности, потребни вештини, способности и квалификации се дадени во продолжение. За работната позиција се бара 1 лице.
Работното време е од понеделник до петок од 8.30 до 16.30 часот во Скопје, во близина на железничката станица.
Обврски и одговорности:
-
Унпраедување на продажба согласно пазарните можности
-
Посети и контакти на потенцијални клиенти,
-
Презентации на производи и услуги,
-
Разговори за потреби на клиенти,
-
Идентификација на потреби на клиенти и со помош на останати вработени изготвување соодветни понуди и решенија,
Учествo во изработка на маркетинг кампањи за производи, услуги и решенија и нивно спроведување преку посети, телефонски комуникации, социјални мрежи и други начини
Вештини и способности:
- Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи
- Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини, совесност
- Одговорност и преданост на работата
Потребни квалификации:
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на Windows и Microsoft office
- Поседување на возачка дозвола Б категорија
Нудиме:
- Пријатна и мотивирачка работна средина
- Можност за развивање и континуирано персонално усовршување
- Работа со најнови технологии
Работата е креативна, овозможува пристап до најнови технологии во светот и контакт со голем број на лица и компании во земјата и регионот.
Заинтересираните лица да го испратат своето CV на email: [најави се за да го видиш е-маилот]
Повеќе информации на 075446395