(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование, по можност универзитетска диплома во банкарство/финансии или други сродни области
- Најмалку 1 (една) година работно искуство ќе се цени како предност
- Одлично познавање на MS Office
- Добро познавање на англискиот јазик
- Добри организациски вештини
- Високо ниво на комуникациски вештини
- Добри преговарачки вештини
- Иницијативност
- Флексибилност
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност
Дел од работните задачи:
- Постапува по кредитните апликации и останатите барања што ги доставуваат клиентите, правни лица, ги оценува кредитните барања, подготвува предлози до кредитната комисија и дава кредитни мислења / препораки;
- Учествува во спроведување на интерните процеси поврзни со управувањето со кредитниот ризик;
- Учествува во подготовката на редовните извештаи од својот делокруг на активности;
- Извршува задолженија зададени од одговорното лице во службата;
- Останати активности од доменот на управувањето со ризиците.
Бенефиции / Придобивки
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици” најдоцна до 17.03.2025 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]