Одговорен на смена во магацин (м/ж)

За компанијата: Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци. повеќе за компанијата »

ОДГОВОРЕН НА СМЕНА ВО МАГАЦИН

м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден, заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

 

ШТО НУДИМЕ?

  • Вкупна нето плата изнесува 50 000 – 55 000 ден (во зависност од работното искуство)
  • Дополнително платена сменска работа и работа на празник
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбедена обука за работа
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании
  • Фит кит – бесплатна месечна членaрина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје

 

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Гарантира квалитетно и ефикасно функционирање на магацинот за готов производ;
  • Навремено и точно ги следи физичките и системските движења на целиот асортиман на готови производи и амбалажа во магацинот за готов производ;
  • Врши оптимизација на магацинското движење на материјалите и оптимизација на магацинските ресурси;
  • Редовно ги планира потребите за магацинскиот простор и соодветно координира во системот за менаџирање за магацинско работење;
  • Управува со системот за визуелно пикирање;
  • Управување со трансферите на готов производ од/кон надворешен магацин;
  • Врши координација и прави проверка и споредба на целокупната системска и физичка документација;
  • Уредно и навремено управува и го унапредува магацинско работење во САП системот.

 

ШТО БАРАМЕ:

  • Минимум ССП, ВСС ќе се смета за предност
  • 2+ год работно искуство во логистика на иста или слична позиција
  • Познавање на САП системот ќе се смета за предност
  • Ориентираност и подготвеност за тимска работа
  • Изразени комуникациски вештини
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 23.03.2025г.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Работното време за позицијата е 8 часа, со ротација во 3 смени, во текот на работната недела. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »