МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје e компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис.
Компанијата има потреба од вработување на:
СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОПРЕМА И ОБЈЕКТИ
Потребни квалификации:
- ВСС (машински или електро инженер)
- Работно искуство минимум 3 години
- Работа со Office пакет и AutoCAD
- Возачка дозвола Б категорија-активен возач
Главни задачи и одговорности:
-Обезбедува потребни документи, проекти, сертификати и лиценци за усогласеност на објекти и системи, и водење евиденција на истите.
-Дефинирање и проверка на договори од технички аспект за комунални услуги
-Учествува во планирање и организација на просторот согласно доставени барања
-Изготвува и реализира годишен план за одржување на системите согласно производна документација, законска регулатива и рокови за употреба
-Кординира, планира и организира изведбени работи и активности во функција на оптимизација и редовно одржување на објектите
-Комуницира со сите надворешни потребни услуги за функционалност на системите и опремата (машинско, електро, водоводни, градежни системи) како трансформатори,агрегати, чилери, системи за греење, клима комори, видео надзор, аларми итн.
-Организација и контрола на градежни активности: санации, реновирања, преправки во работниот простор
-Реализира набавки според потреба и план за одржување
-Реализира и планира енергетска ефикаснот и оптимизација на трошоци
-Организација и контрола на работа на техничко одржување, хигиена и чуварска служба
Потребен е профил на личност која покрај стручното знаење има високо развиени организациски вештини.
Одговорна,лојална, чесна и посветена личност.
Сите заинтересирани кандидати може да го достават своето CV на
[најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.