
За компанијата: Аквасеив доо Скопје e sпецијализирана фирма за анализа и испитување на дефекти во водоснабдителни системи.
повеќе за компанијата »Специјализирана фирма за анализа и испитување на дефекти во водоснабдителни системи,
Аквасеив доо Скопје (www.aquasave.mk; https://www.facebook.com/aquasavemk), поради зголемен обем на работа има потреба од
ОПЕРАТОРИ
2 (два) извршители за ракување со специјализирани уреди и опрема
На кандидатите им нудиме:
- Работно време од 38 часа неделно, понеделник(08:00-16:00) до петок (08:00-14:00)
- Одлични услови за работа со редовни месечни примања
- Можност за дополнителни бонуси и бенефиции
- Платени дневници за службени патувања надвор од Скопје и странство
- Платена прекувремена работа
- Годишен одмор во согласност со закон
- Работен ангажман во пријатно и позитивно опкружување
- Платено 24 часовно осигурување
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование од техничка област
- Претходно работно искуство на терен ќе се смета како предност
- Активен возач Б-категорија (способност за повремено возење комбе возило со носивост до 1000 кг)
- Познавање на работа со компјутери (Excel, Word)
- Познавање на англиски јазик (основна комуникација, упатства за работа со апаратите)
- Посветеност и лојалност кон работата
Операторот активностите ги извршува на терен, во внатрешни или надворешни услови.
За операторите на почеток ќе биде обезбедена специјализирана теоретска и практична обука.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, Ве молиме Вашата биографија да ја испратите електронски на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на евалуирање ќе бидат контактирани.
Слични огласи »