
Потребни Квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Со или без претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
Опис на работни задачи:
- Координација на активности поврзани со работата со клиенти
- Водење на документација за клиенти
- Подготовка на презентации, понуди и извештаи
- Комуникација со клиенти
- Управување со канцелариско работење
Способности и професионални вештини:
- Организираност, внимателност, трпеливост, систематичност, одговорност, навременост и прецизност во работењето
- Временска флексибилност
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за тимска работа
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера
- Справување со тесни рокови и повеќе ангажмани истовремено
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
- Поседување на валидна возачка дозвола (Б категорија, активен возач)
Дополнителна предност ќе се даде на оние кандидати кои имаат интерес, афинитети и евентуални познавања од областа на маркетингот и односите со јавност.
Редовно работно време: понеделник – петок, 09.00-17.00 часот
Работната позиција е за територијата на град Скопје.
Сите заинтересирани да достават мотивациско писмо и професионална биографија на македонски и на англиски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот]
Огласот е отворен до 10.03.2025 година. По завршување на огласот, кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »