Консултант на германски јазик во областа на туризмот

Плата од 55.000 ден. до 60.000 ден.

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали си љубител на патувања? Дали уживаш во комуникацијата со луѓето и дали си подготвен/а за деловна авантура која совршено ти одговара? Ние сме вистинското место за ТЕБЕ! На овој проект ќе бидеш дел од еден кул тим кој секојдневно подготвува, планира и организира луксузно патување од соништата. Стани и ти дел од тој тим!

Што имаме за ТЕБЕ!

  • Продуктивна и темелна обука
  • Системи кои овозможуваат лесна навигација во процесот на резервации и секојдневна работа
  • Одлична почетна нето плата од 55.860 денари со можност за дополнителни бонуси
  • Секојдневна поддршка во работата
  • Бонус за препорака на нови вработени (во зависност од проектот)
  • Бонус за добредојде од 24.600 денари!
  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера
  • Можност за напредување

Придружи ни се како Консултант на германски јазик во областа на туризмот!

Во секојдневната комуникација со корисниците на германски, ќе се грижиш нивните патувања од соништата да станат реалност. Ќе работиш на резервации, ќе ги идентификуваш потребите на корисниците и проактивно ќе презентираш опции за незаборавен одмор (летови, трансфери, факултативни екскурзии итн.)

  • Твојата работа ќе вклучува комуникација преку дојдовни повици, повратни повици, но и back office задачи (e-mail)
  • Ќе ја започнеш твојата работа со обука, каде што ќе ги запознаеш системите и процесите кои ќе ти бидат потребни во работата
  • Ќе ги решаваш проблемите и корисничките прашања со насмевка и стручност
  • Ќе ја имаш целосната поддршка од твојот тим лидер како и од целиот тим

Што бараме?

  • Високо ниво на германски јазик: уверлив/а си и во зборување и во пишување и имаш минимално познавање на C1 ниво!
  • Високо развиени комуникациски вештини, активно слушање, проактивност и убедливост
  • Емпатија кон корисниците
  • Самостојност во работа на компјутер и добро познавање на MS Office пакетот
  • Флексибилно работно време (никогаш не работиме пред 8 часот или после 20 часот!)

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://transcomnorthmacedonia.recruitee.com/o/n82fvfhedw

Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »