Aсистент за продажба - Скопје

За компанијата: B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. повеќе за компанијата »

Активни огласи од b watch 1920:

Aсистент за продажба - Скопје - Sales Assistant

Брендот B Watch е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит.

Во моментов има отворено неколку продажни салони во Скопје: City Mall, East Gate Mall, Vero Jumbo, Градски Трговски Центар и Стара Чаршија. Но, исто така има и продажно место во градот на конзулите – Битола.

B watch во мометов има потреба од:

 

Асистент за продажба

 Локација: Скопје

 

 

Што ќе работите:

 

  • Ќе ги идентификувате  потребите на клиентите
  • Ќе вршите продажба и советување на купувачите за нивните одлуки во врска со производите
  • Ќе овозможувате  корисничка поддршка на купувачите
  • Ќе ги применувате на стандардите за работа
  • Ќе се грижите за имиџот на компанијата

 

Ако сте:

 

  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на купувачите
  • Насочени кон остварување на разултати и огранизирани
  • Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина

 

Што треба да поседувате:

 

  • Најмалку IV степен стручна подготовка
  • Познавање на англиски јазик (основно ниво на познавање)
  • Познавање на MS Office (основно ниво на познавање)

 

Што нудиме ние:

 

  • 10 дневна обука за усовршување на продажни вештини
  • Одлични услови за работа во динамича средина
  • Примамлив месечен бонус + квартален бонус
  • Работно време: 40 часа неделно
  • Слободен ден за роденден
  • Посета на најголемите саеми за часовници и накит од реномираните брендови за нашите најдобри вработени
  • Можност за напредување во компанијата

 

 

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде

 

финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »