Финансиски сметководител

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ФИНАНСИСКИ СМЕТКОВОДИТЕЛ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Администрирање, книжење и проверка на влезни фактури;
  • Контрола на картици на добавувачи и купувачи;
  • Евиденција на основни средства и пресметка на амортизација;
  • Пресметка на патни трошоци на вработени;
  • Изготвување извештаи кон НБРМ, Статистика и УЈП;
  • Други работни задачи доделени од работодавачот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС Економски факултет;
  • Напредно познавање на работа со компјутер и активно користење на Excel;
  • Претходно работно искуство во областа на сметководство и финансии најмалку 3 години;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Ориентираност кон рокови, добри аналитички способности, уредност и одговорност.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часа неделно
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
  • Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.  

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »