Општ работник

За компанијата: Фејдом Фурнитуре ДОО е светски производител на гарнитури произведени во Македонија, од кои 95% се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ФЕЈДОМ ФУРНИТУРЕ ДОО:

Шивачи/ки - Рачен кројач

(преземи го огласот како слика)

 

За компанијата : Фејдом Фурнитуре Доо-Скопје ,светски реномиран производител на гарнитури лоциран во Визбегово – Скопје, на  ул.1550 бр.52,  контакт  тел. 02 2610-800 или 076315883

Опис на компанијата

Фејдом Фурнитуре ДОО е светски производител на гарнитури  произведени во Македонија, од кои 95%  се за извоз во Европа, Канада и Америка.

Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Фејдом Фурнитуре ДОО,  лоциран во Индустриската Зона Визбегово – Скопје, отвараме работни места за следните позиции:

Работно место: ОПШТ РАБОТНИК     

  • Учествува во организација на целокупниот простор во магацин за распределба на роба по камиони
  • Врши  правилно, прецизно и навремено товарење на закажани камиони
  • Прави визуелна проверка на внатрешноста на камионот пред утовар и навремено известување за одредени неправилности
  • Поставува картон во внатрешноста на камионот со цел заштита на утоварената роба
  • Врши растовар на репро материјали
  • Задолжително го товари камионот согласно претходно зададени инструкции од претпоставени
  • Го контролира квалитетот на спакуван и палетизиран производ
  • Ја следи процедурата за правилно товарење на камиони со цел исполнување на предвидена кубикажа
  • Веднаш реагира  доколку се појави недостаток на готов производ за камион
  • Извршува  работни обврски со голема претпазливост и прецизност
  • Рачно и со рачен палетар пренесува стоки за утовар и растовар
  • Сортира, реди и припрема  производи во магацински простор
  • Реди готов производ во магацин и претпазливо ракува со истиот
  • Крева,преместува,расчистува,товари,растовара производи и роба
  • Врши општи работи за потребите на фирмата со примена на едноставни алати за работа и многу често поголем физички напор.
  • Изготвува дневни извештаи за работа.
  • Ги почитува правилата за безбедност дефинирани на локацијата каде што извршува работни задачи.
  • Се придржува до добрите хигиенски пракси на своето работно место, одржување на лична хигиена и хигиена во просторот во кој работи.

Што нудиме:

  • Бараме работник кој ќе работи 8 часа активно
  • Работа само во прва смена
  • 7 дена пробен период
  • Работно време од понеделник до петок од 07-15 часот
  • Регрес за годишен одмор
  • Бесплатен топол оброк
  • Овозможени 2 паузи за оброк и кафе
  • Колективен платен одмор летен и зимски
  • Обезбеден платен превоз
  • Бонус за редовност
  • Можност за кариерна патека и напредување

Доколку сте заинтересирани  испратете го Вашето CV (работна биографија), на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот]  или јавете се на тел.

02 2610 800 и 076315 883

** Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »