Промовирани огласи »

Пет највисоки просечни плати по вработен во јули земале вработените во секторите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (59.907 денари), воздухопловен транспорт (51.052 денари), дејности на изнајмување и давање под закуп – лизинг (50.576 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.845 денари) и финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови (42.476 денари). 

Во Македонија платите растат. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Промовирани огласи »

Се зголемиле платите во Македонија.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.8 %) и Транспорт и складирање (7.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37 268 денари.

Промовирани огласи »

Три држави од регионот се најдоа на листата најубави во светот.

„CONDÉ NAST TRAVELLER“, светски признато списание за патување, на својот попис од 40 најубави земји на светот ставил и три балкански држави.

Трите балкански држави се Хрватска, Црна Гора и Словенија кои се заедно на листата со едни од најубавите светски дестинации како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд, Јапонија и многу други.

Во својот прилог тие Хрватска ја опишале како земја со „брановидни полиња и бели сончеви плажи“.

Словенија ја нарекле како земја која „има сè да понуди“ - од Алпите преку езерото Блез до „прекрасните зелени шуми“.

Подеднакво ги воодушевила и Црна Гора за која се согласиле со зборовите на поетот Џорџ Гордон Бајрон кој ја опишал како „најубавата средба на земјата и морето“. 

Промовирани огласи »

Најбогатиот Кинез Џек Ма, кој има богатство од 40 милијарди долари ги споделува своите совети за успех. 

1. учете од туѓите грешки

2. фокусот нека ви биде на квалитетот, а не на квантитетот

3. бидете први

4. почитувајте ги своите конкуренти

5. гледајте на предизвиците како на можност

6. верувајте

7. опкружете се со квалитетни луѓе

8. живејте здраво

9. забавувајте се

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »